Овој модел на Донгфенг е преголем залак за европски стандарди

ДФСК Глори 580, Фортинг Т5 Ево, Серес 3, Фенгон Глори 600, Еолус Шајн – секој што барем еднаш во месецот ги прегледува вестите од македонската автомобилска сцена, има слушнато за овие автомобили. Сé тоа е Донгфенг. Меѓу нив има и големи СУВ-модели по цена на градски автомобил, електрични модели, удобни крстосувачи, шампиони во противвредност. Тоа сé уште е во нормалните автомобилски рамки. Еден модел покажува колку се крајните граници на кинескиот концерн, да конструира и да произведе автомобил. М Херо, точно е погодено името.

Способност за искачување на нагорнина од 100 проценти, што значи под агол од 45 степени, на тоа уште способност за понирање во река до длабочина од 90 сантиметри, па три диференцијали со блокада, можност за растојанието од подлогата да се спушти за 45 или зголеми за 105 милиметри (до 335 милиметри), задни тркала што свртуваат заедно со предните. Тоа личи како мошне способна теренска машина. Не само што личи, туку и успева.

Не заостанува и луксузот. Масажа, греење и вентилација во сите седишта, три дисплеи напред (два од по 12,3 и средишен од 15,6 инчи), заедно со проекциски дисплеј, инфрацрвена камера за ноќе, 16 звучници од Дајнаудио, парфимирана кабина и филтер за ПМ2,5, сé што досега има измислено браншата, тука е.

Истото важи и за системите за асистенција, што додаваат екстра безбедност и комфор, и кај М-Херо досегаат до предупредување кога при отворање врата може да се попречи велосипедист или друго возило, до самостојно престројување по автопат и слични напредни системи.

Врвот е погонот. Донгфенг веќе почна со дистрибуција на М-Херо во неколку европски држави и го нуди во целосно електрчната изведба. Покрај неа, во Кина се произведува и се продава изведба со три електромотори и мал бензинец, што служи како генератор за електрична енергија за напојување на електромоторите, кога ќе се исцрпи енергијата во батеријата. Кусо, тоа што Тесла не го предвиде како можност да се спаси од посрамотување, во видеата кога возачи вадат генератор од багажникот за да си го вратат автомобиот во живот, Донгфенг не дозволува да се случи со М-Херо.

Имресивен е електричниот погон: 4 електромотори, вкупна моќност од 800 киловати (1.088 КС), вртежен момент 1.400 њутнметри, батерија 142,7 кВч, досег 450 километри, полнење под 100 кВ до 80% за 47 минути. Спринтот до темпо сто трае 4,2 секунди.

Сепак станува збор за супертеренец, долг 4,99 метри, широк 2,08 метри и висок 1,94 метар, со 2,95 метри меѓуоскино растојание. Овој горостас тежи 3.293 килограми. Изведбата со генератор е незначително полесна (3.130 килограми), но и таа убедува со способностите: 600 кВ (816 КС), 1.050 њутнметри, спринт 6 секунди, досег над 750 километри, со тоа што батеријата од 65,9 кВч испорачува енергија за 155 километри. Резервоарот кај втората изведба (РЕВ) собира 84 литри бензин.

Сé е беспрекорно во поглед на конструирањето и опремувањето. Предните и задните тркала користат по две триаголни водилки, како решение што нуди врвна динамика, сопирачките шепи се Брембо, пневматската суспензија се подразбира, а не отсуствува и систем што спречува наведнување на каросеријата при забрзување, забавување, во свијоци.

Цената објаснува сé. Ценовникот за швајцарскиот пазар, каде што М-Херо се продава од неодамна, вели: 148.990 франци, што соодвествува на близу 160.000 евра.

Видеото од тестот на Донгфенг Еолус Шајн, семејна лимузина од 16.000 евра

Претходна објаваКолку скапо мириса Мајбах
Следна објаваМерцедес ќе ја произведува ГЛЕ во Кина за локалниот пазар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here