ЕУ се покаја пред Кина, сепак ќе се бара друго решение место царини за електрични автомобили

Електрични возила на премиум марката Зикр, дел од Џили, се товарат на брод за Европа

ЕУ од следната недела ќе наплаќа дополнителни царини за електрични возила што се произведени во Кина, коишто достигаат и до 35,3 проценти. Преговорите со Кина сепак ќе мора да почекаат дотогаш, такви се правилата на Блокот.

Двете страни бараат да се воведе минимална цена по којашто кинеските електрични автомобили ќе се продаваат на европскиот пазар или да се договорат кинески инвестиции во Европа, како алтернатива за казнените царини.

„Преговарачите се спогодија понатамошните технички преговори да продолжат колку може поскоро“, соопшти Комисијата по видео-разговорот меѓу шефот за трговија на ЕУ, Валдис Домбровскис, и кинескиот министер за трговија Ванг Вентао.

Европската Комисија, којашто ја контролира трговската политика на 27-те членки на Европската Унија, веќе одржа осум кругови на технички преговори со кинеските колеги и соопшти дека постојат „значајни несогласувања“ што остануваат нерешени.

Зошто Кина притиска ЕУ да не преговара со производителите на автомобили

Домбровскис и Ванг ја потврдија решеноста да најдат решение што ќе биде прифатливо за двете страни, коешто ќе обезбеди рамноправност во конкуренцијата на пазарот во ЕУ и ќе биде компатибилно со правилата на Светската Трговска Организација, соопшти Комисијата.

Кина пред две седмици побара ЕУ да не врши посебни преговори со компаниите, предупредувајќи дека тоа може да ги „потресе основите“ на преговорите.

Комисијата тврди дека Домбровскис нагласил, преговорите на директорите од ЕУ со кинеската Трговска комора за увоз и извоз на машинерија и електронски производи, да не ги исклучуваат разговорите со одделни извозници.

Домбровскис бил загрижен и за истрагите на Кина, за жестоките пијалоци од ЕУ, за свинското месо и млечните преработки, оценувајќи дека тие биле „неосновани“.

Претходна објаваМерцедес-Бенц воведе нови основни дизели во ГЛЦ и Е-Класа
Следна објаваГерманија ќе ги враќа субвенциите за е-автомобили, ја загрози сопствената индустрија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here