Циркузот на ЕУ со царините за кинески ЕВ: Десет членки за, пет против, 12 воздржани, законот изгласан

Би Уај Ди е кратенка од Билд Јоур Дримс и очигледно дека сонот им се исполни и на производителот, и на купувачите на електричен автомобил од кинеската марка.

Предлогот на Европската Комисија за конечно воведување царини за електрични автомобили што се произведени во Кина ја доби потребната поддршка од државите членки. Гласањето се одржа на 4-ти октомври, објави Комисијата преку соопштение.

Комисијата додаде дека ќе продолжат преговорите со Кина, со цел „да се најде заменско решение што целосно ќе биде во согласност со СТО, што соодветно ќе ги земе предвид штетните субвенции што ги утврди Комисијата во својата истрага, што ќе може да се следи и ќе биде применливо.“

Конечниот закон мора да се внесе во официјалниот регистар до 30-ти октомври, соопшти Комисијата.

Комисијата, како извршно тело на ЕУ, сега може да продолжи со воведување на царините, коишто би требало да важат пет години. Десет држави членки гласаа за воведување на царините, додека Германија и уште четири држави гласаа против и 12 беа воздржани. Тоа го јавуваат лица што се запознаени со постапката и се држат во анонимност.

Одлуката на ЕУ следи по истрагата, во којашто беше утврдено дека Кина им овозможувала недозволиво високи субвенции на своите производители. Пекинг го негира тоа и се закани дека ќе воведе сопствени царини за европските млечни производи, жестоки пијалаци, свинско месо и автомобили со голем мотор.

Унијата акивно се обидува да ја смали својата зависност од Кина. Поранешниот претседател на Европската Централна Банка, Марио Драги, во минатиот месец предупреди дека „кинеската конкуренција што е спонзорирана од државата, била закана за ЕУ што може да ја донесе во безизлезна ситуација. ЕУ лани оствари трговска размена во вредност од 739 милијарди евра со Кина. Унијата е поделена околу воведувањето на царините.

Комисијата повеќепати напоменуваше дека секаква замена за царините, како на пример утврдување најниска цена, мора да се темели врз строги барања, вклучувајќи усогласеност со правилата на Светската Трговска Организација, земање предвид на влијанието на субвенциите во Кина и можноста за ЕУ да проверува дали мерките се почитуваат.

Новите царини ќе достигнат висина и до 35 проценти за извозниците на електрични автомобили од Кина. Новите царини ќе бидат надополнување на досегашните 10 проценти царина.

Претходна објаваОсумдесет килолитри пиво пристигнаа на Октоберфест со електричен Мерцедес еАктрос
Следна објаваЗошто Германија гласаше против царините за електрични автомобили од Кина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here