Осумдесет килолитри пиво пристигнаа на Октоберфест со електричен Мерцедес еАктрос

Минхенскиот Октоберфест почна на 21-ви септември, и како секоја година, предизвикот е сето тоа пиво што ќе се испие, прво да се донесе на местото. Годинава во таа задача се вклучи и Мерцедес-Бенц еАктрос, 40-тонско здание на тркала што се движи чисто на струја.

Осумдесет и две илјади литри пиво и пратечка количина свежи баварски переци се придонесот на електричен Мерцедес-Бенц еАктрос 600 за прославата на пивото и на баварската култура годинава, за Октоберфест во Минхен.

За оваа одговорна задача беше задолжена компанијата Летл Транспорте, којашто ноќе доставуваше пиво од државната пиварница Хофбројхаус од Минхен. Доставата на волшебниот баварски пијалак му беше доверена на еАктрос со полуприколка со цистерна, со зафатнина од 27.500 литри.

Електричниот камион е на пробна служба во Летл Транспорте и во таа улога три дена доаѓаше до пиварницата за полнење пиво, па потоа правец кон Терезиенвизе, историската локацијата на фестивалот. Актрос запираше четирипати покрај шаторот на Хофброј, за сето пиво да се преточи во бурињата.

Освен во снабдување со пиво, еАктрос 600 за потребите на Октоберфест беше ангажиран и за достава на свежи переци, брецел на германски. Пекарницата Хефлингер унд Милер ги печеше переците во пекара што посебно за Октоберфгест е поставена (фестивалот трае до 6-ти октомври) во Олимпискиот Парк, во близина на Виз’н, каде што се работеше во две смени за славениците да се снабдат со свежо печени переци.

Подготвеното тесто за печење исто така се донесуваше до пекарницата со електричниот еАктрос 600, но место полуприколка со цистерна, на неа беше закачен ладилник. Пекарницата со долга традиција веќе има два електрични еАктрос 300 во својот возен парк. Тоа е класичната камионска изведба на елеткричниот Актрос.

Хефлиндер унд Милер доставуваше пиво со своите камиони Мерцедес и на Канштатер Вазен во Штутгарт, за тамошниот народен фестивал.

Мерцедес-Бенц еАктрос 600 имаше светска премиера кон завршетокот на минатата година. Големиот капацитет на батеријата од 600 кВч (бруто, оттаму и ознаката еАктрос 600), во комбинација со електричната погонска оска од сопствен развој, со исклучително ниска потрошувачка на енергија, овозможува досег до 500 километри.

Овој досег, според Мерцедес-Бенц, остварлив e во мошне реални услови, со дозволена вкупна тежина од 40 тони. Имајќи ги предвид законски пропишаните паузи за возач, еАктрос за еден ден може да мине и преку 1.000 километри, доколку на местото каде што се прави пауза е достапен брз полнач. Техниката во моментов дозволува ЦЦС-полнење со моќност до 400 киловати. Подоцна ќе може да се користат и полначи со моќност од 1 мегаватчас (МЦС).

Електричниот камион за превоз на долги релации прикажува нов дизајн, којшто во целост е подреден на аеродинамичноста. Експерти предвидуваат дека високата профитабилност што електричниот еАктрос им ја нуди на компаниите со голем возен парк, постепено ќе води кон тоа електричните камиони во блиска иднина да станат побројни во возните паркови, отколку класичните дизели.

Камионскиот бизнис на Мерцедес-Бенц вклучува и широк обем од услуги за клиентите. Тие услуги се покажуваат уште поделотворни кај електричните камиони, затоа што експертите на компанијата нудат целосно советување, коешто досега до проектирање на депо со полначи.

Сериското производство на еАктрос 600 стартува кон завршетокот на ноември годинава, во фабриката во Верт. Првите примероци уште годинава ќе им бидат испорачани на клиентите.

Претходна објаваЕ-408 е среќниот тринаесетти модел во понудата од електрични модели на Пежо
Следна објаваЦиркузот на ЕУ со царините за кинески ЕВ: Десет членки за, пет против, 12 воздржани, законот изгласан

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here