за

Против сите предрасуди: Mercedes eActros мина 3.000 km на струја од Поларниот Круг до Штутгарт

Студот им го одзема капацитетот на батериите и со електричните возила не може да се совладуваат долги растојанија: Mercedes-Benz eActros го докажа токму спротивното.

Инженери за развој и тестирање во Mercedes-Benz Trucks, за шест денови поминаа околу 3.000 километри со електричен влекач eActros 300. Целта беше да се докаже применливоста на електричниот камион во најразлични климатски и топографски услови.

Да се вози батериски електричен камион за дистрибуција од тешка категорија, од Поларниот Круг до Штутгарт, претставува голем предизвик дури и за најискусните експерти што работат на развојот на нови возила. Мала е веројатноста, дека некој од клиените на Mercedes-Benz eActros 300 во изведба на влекач, во иднина ќе прави толку долги рути.

Тестирањето во најразлични климатски и топографски услови им овозможи на инженерите да стекнат дополнителни искуства и да ги преземат потребните зафати за да се постигне најдоброто можно функционирање на сите системи. Инженерите на Mercedes-Benz Trucks, во минатиот месец поминаа околу 3.000 километри со претсериски прототип на eActros 300 во изведба на влекач (изведбата на сандачар веќе одамна е во продажба). Новата верзија е посебно наменета за дистрибуција на тежок товар и ја доживеа својата премиера лани, на салонот за товарни возила ИАА во Хановер. Сериското производство се очекува да започне наесен.

Долгата тура следеше веднаш по тестирањата што инженерите на Mercedes-Benz Trucks ги направија во финскиот Рованиеми. Таму се возеше на температури до 25 степени под нулата, на снежни и замрзнати патишта. Покрај возните својства, се проверуваше како работат компонентите на ниски температури, но и софтверот, како и кабелските споеви. На враќањето, eActros натоварен со 25 тони се тестираше во реален сообраќај.

Опуштено, удобно и безбедно крстосување без стравување за досегот

Од Рованиеми, преку Стокхолм, Малме, Копенхаген, Ниборг, Фленсбург, Хамбург, па потоа по А7 кон Вирцбург, до крајното одредиште Штутгарт, преку А81. Трите батериски пакети од по 112 kWh инсталиран капацитет, овозможуваат досег до 220 километри. Целата рута била поделена на етапи од по 150 километри, за батериите да се полнат.

Тоа што најмногу им оставило вчечаток на возачите е контуинираноста во силата на влечење, без прекини при менување на степените, како што е вообичаено со обичен мотор. Отсуството на бучава во кабината е следната предност.

Тимовите во просек трипати дневно го приклучувале eActros на полнач. Со достапните брзи полначи долж рутата, времетраењето на полнењето исто така не претставувало проблем.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Наследникот на Golf 8 нема да вози со бензинец или дизел

Tesla Model Y најпродаван во февруари во ЕУ, Toyota втора најпродавана марка