Tesla Model Y најпродаван во февруари во ЕУ, Toyota втора најпродавана марка

Повеќе од 900.000 патнички автомобили се продадени на европскиот пазар во февруари, за 12% повеќе во споредба со лани.

За првите два месеци од годината, продажбата на нови автомобили во ЕУ28 достигна 1,81 милион примероци, што е за 11% повеќе отколку во јануари и февруари 2022 година.

Фелипе Муњоз, глобален аналитичар во JATO Dynamics, коментира: „Големите структурни проблеми остануваат, но досегашните резултати од 2023 година укажуваат дека купувачите реагираат позитивно на конкурентните понуди на пазарот. Растечките камати, коишто ќе го погодат пазарот во следните месеци, сепак може на потрошувачите да им го отежнат пристапот до кредитите, што е можно да влијае врз одлуката за купување.“

Италија, Шпанија, Обединетото Кралство и Белгија постигнаа двоцифрен раст во февруари. Единствени пазари што забележаа пад во продажбата се Шведска, Норвешка, Финска и Кипар.

Електричните возила ја движат продажбата

Растечката побарувачка за чисто електрични автомобили ги поткрепи позитивните резултати на вкупниот пазар во февруари. Според податоците на JATO, во вториот месец од годината се регистрирани 118.329 чисто електрични автомобили. Тоа е за 33% повеќе во споредба со февруари 2022.

Муњоз објаснува: „Норвешка повеќе не придонесува за растот на батериските електрични возила во Европа, иако долги години беше лидер во браншата.“ Норвешка беше петти најголем пазар во февруари, засенета од одличниот раст во продажбата во Германија, Франција, Обединетото Кралство и Холандија. Тоа се четирите најголеми пазари за батериски електрични возила во февруари.

Зголемената продажба на батериски електрични возила во Европа е резултат на конкуренцијата со цени меѓу производителите. Покрај тоа, исчезнуват предрасудите околу ограничениот досег на батеријата и околу полнењето на истата.

Најпродавни марки во ЕУ28 во февруари 2023

Уделот на BEV (батериски електрични возила) порасна на 25 пазари. Финска го предводи растот со зголемување на уделот од близу 18 проценти во споредба со февруари 2022.

Двоцифрено зголемување на пазарниот удел е забележано на 14 пазари: Ирска, Франција, Белгија, Луксембург, Австрија, Португалија, Норвешка, Шведска, Холандија, Данска, Финска, Обединетото Кралство, Германија и Швајцарија.

Tesla Model Y повторно во водство

Растечкиот тренд на BEV може да се забележи и на ранг-листата на најпродавани модели. На првото место во февруари во Европа е Tesla Model Y, иако американската марка обично има послаба продажба во тој месец. Муњоз додава: „Доколку продолжи овој тренд, Model Y до завршетокот на годинава е мошне извесно дека ќе си обезбеди место во европскиот Топ 10.“

Model Y е меѓу петте најпродавани модели во Австрија, Данска, Финска, Германија, Луксембург, Холандија, Норвешка и Португалија. Растечката популарност на СУВ-моделот доведе до пад во побарувачката за лимузината Model 3. Нејзиниот пазар во февруари се намалил за 49% во споредба со истиот месец лани.

Претходна објаваПротив сите предрасуди: Mercedes eActros мина 3.000 km на струја од Поларниот Круг до Штутгарт
Следна објаваLancia на 15-ти април го почнува големото враќање на сцената

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here