Викендов во трговскиот центар Скопје Сити Мол се одржа првиот фестивал на кафето, со одлично осмислена програма, којашто го вклучуваше и суштинскиот дел од културата на пиење кафе, а тоа се кафе-разговорите. Опел беше меѓу бројните изложувачи со модел што и со името и со мисијата се надоврзува одлично со темата кафе, со Опел Мока.
Во Опел отсекогаш им успевало да го погодат името на своите модели. Калибра за рекордерскиот аеродинамичар, Манта за ниското и елегантно купе, Адмирал и Комодоре за најпрестижните лимузини, Корса и Аскона за италијанска долчевита во секојдевието. Кадет, Омега, Рекорд, па и Мовано, Инсигниа, Астра, Вектра, сé има некаква смисла.
Така и кај СУВ-купето од градската класа Мока, чијшто избор на името јасно води кон еден од најомилените начини на подготовка на кафе, но и кон улогата на кафето во секојдневието. Од маркетингот на увозникот на Опел, Еуроимпекс, за тоа велат дека „Денот започнува со кафе мока, а продолжува со Опел Мока“.
Настанот се одржа на 20-ти и 21-ви септември на отворенaта паркинг-платформа на Сити Мол. Кафето е многу повеќе од пијалок и тоа можеше да се осознае преку штандовите на изложувачите. Најразлични марки кафе, вклучувајќи ги најексклузивните имиња што се моќни да привлечат за човек да посети некој локал што има изложено дека ја служи марката, апарати за подготовка на кафе, и секако тоа што дава дополнителен вкус, шољи за кафе, ексклузивни, со порака, шарени, елегантни. Во смисла на кафе-секојдневието се најдоа и вешто изработени честитки, затоа што луѓето секогаш имаат нешто да соопштат и пренесат кога се „оди на кафе“.
Градот е средина што секогаш поттикнува за предизвикот да се најде подобрата понуда. Така и кај Опел Мока, што на настанот беше претставена во изведбата на опременост Елеганс, со 1,2-литарски бензинец со мануелен менувач, што со поволни услови на финансирање може да се обезбеди по месечна рата од 245 евра.
View this post on Instagram
Опременоста е посебно висока, сепак се работи за стилски и отмен модел што е над понудата на базични автомобили на пазарот. Приспособливите диодни светла се стандард во Елеганс, заедно со задна камера и сензори, панорамски приказ во 180 степени, електрична паркинг сопирачка, тркала од лесен метал од 17 инчи.
Еуроимпекс ја креира понудата во соработка со Шпаркасе Лизинг, и опфаќа отплата на 84 месечни рати, со таа посебност што последната рата изнесува 20 проценти од вредноста на возилото, по што истото преминува во трајна сопственост на корисникот.
















