
Експертите на германскиот магазин Ауто Билд проценија дека Шкода Суперб Комби со 2,0-литарски бензинец ТСИ и менувач ДСГ, со погон 4х4, задржува повеќе од вредноста на ново од сите модели во средната класа.
Шкода Суперб Комби е „Вертмајстер“ за 2024 година. Најголемиот европски магазин за автомобили Ауто Билд, во соработка со институтот за пазарно истражување Шваке, секоја година ги наоѓа „вертмајстерите“, шампионите што по одреден број години губат најмалку од вредноста на ново.
Еднаш годишно, Ауто Билд и Шваке анализираат околу 4.000 нови модели на автомобили што се во понуда на пазарот, раководејќи се според точни критериуми, и пресметувајќи ја вредноста на автомобилите по четири години, земајќи ја предвид просечната километража што ја минуваат автомобилите во одредените класи.
Од сите модели во средната класа, Шкода Суперб Комби, токму со 2,0-литарскиот ТСИ со 265 КС, што доаѓа стандардно со 7-степен менувач ДСГ со двојна спојка и со погон на сите тркала, задржува највисок процент од вредноста на ново. Според тоа, Суперб во бараната комби-изведба на европскиот пазар, прогласен е за Вертмајстер, шампион во вредност за 2024 година, во средната класа.
Суперб Комби е автомобил што нуди изобилство во секој поглед, во просторноста на кабината и во зафатнината на багажникот, во опременоста, и секако, во обемот на решенијата Симпли Клевер, што достигнува врв тука. Тоа прави големата Шкода да биде привлечна и за приватни корисници и за фирми.
На голем број купувачи при изборот на модел им е важно колку тој задржува од вредноста низ годините. Станува збор за вложување и важно е тоа вложување да не биде фрлање пари. Шкода Суперб веќе со генерации се издвојува меѓу моделите со најмала амортизација, односно најмал губиток од вредноста.
Германскиот магазин Ауто Билд секоја година ги објавува темелно резултатите од истражувањето на Шваке.
Конкретниот Вертмајстер за 2024 година е во ексклузивното ниво на опременост Лорин и Клемент. Вложувањето во мотор и опрема се враќа
За време на истражувањето, редовната цена на Шкода Суперб 2.0 ТСИ ДСГ 4х4 Лорин и Клемент изнесувала 58.570 во германскиот ценовник. По четири години и по просечна годишна километража од 80.000 километри, Ауто Билд и Шваке предвидуваат дека автомобилов ќе вреди 34.193 евра. Тоа значи дека комбито задржува 58,5 проценти од вредноста на ново, повеќе од кој било друг модел во средната класа.

Истражувањето на Ауто Билд и Шваке се спроведува по 21-ви пат. Притоа се оценува според точни критериуми, како што се километража, опременост, работни трошоци, трендови на пазарот, па дури и економски развој. Типично безгрешно германски.
Ауто Билд ќе ги објави вредностите во изданието 38/2024.















