Половината од возачите на Тесла во САД се враќаат на бензин, и тоа пак е напредок

Една статистика од САД привлече многу внимание. Според неа, половината од возачите на Тесла (51%) што годинава го дале старото возило во залог за ново, се вратиле на автомобил со бензински мотор. Причините за тоа не се наведуваат. Но, тоа пак се добри вести за електромобилноста во земјата.

Противниците на електричниот погон добиваат силен аргумент, но така само изгледа првично. Во 2023 година, половината од возачите на Тесла во САД што го дале својот стар електричен автомобил како залог за ново возило, избрале модел со мотор со внатрешно согорување.

Агенцијата за пазарни истражувања Едмундс дојде до тој податок врз основа на информациите што ги добива од дилерствата во земјата. Во статистиката понатаму не се наведуваат причините зошто возачите се решиле за ваков чекор.

Неизвесно е дали незадоволсвото се должи на досегот, на мрежата од полначи што е мошне слабо развиена во САД или едноставно е разочарување од самиот концепт на електричните автомобили. Овие согледувања воедно се совпаѓаат со студијата што неодамна ја објави Мекикзи, за незадоволсвото што го покажаа возачите во САД во поглед на електричните автомобили.

Точно е дека половината од возачите се откажале од ЕВ, но што е со останатата половина?

Статистиката на Едмундс сепак донесува добри вести. Според неа, 29 проценти од сопствениците на возило Тесла што решиле да го дадат своето возило во залог за ново, пак избрале следниот автомобил да им биде електричен. Десет проценти се префрлиле на хибриден погон, шест проценти избрале приклучен хибриден погон.

Приклучниот хибриден погон повеќе им се допаѓа на „старите“ возачи на електрична Тесла, отколку на возачите на електрични автомобили од други марки. Кај нив, само два проценти се префрлуваат од батерија на приклучен хибрид.

Статистиката на Едмундс сепак покажува подобрување

Аналитичарите на Едмундс сепак ценат дека пазарот на Тесла се развива во позитивна насока. Пред само пет години, резултатот беше уште повеќе поразителен: Во 2019 година, 71 проценти од купувачите на Тесла се префрлиле на мотор. Само десет проценти се решиле да останат на електричен погон, со голема веројаност дека изборот пак бил Тесла, затоа што во тоа време и не постоееше друг избор. Во 2022 година, откажувањето било 66 проценти, додека лани 55 проценти се окткажале од Тесла.


Повеќе од половината од возачите на Тесла се откажуваат од електричен автомобил

Врз трендовите во статистиката влијае и тековната понуда од електрични модели на пазарот: „Сé повеќе луѓе се префрлуваат од Тесла на електричен автомобил од традиционален производител“, заклучува Едмундс. Постои објаснување и за тоа. Додека конкуренцијата исфрлуваше нови модели на пазарот и ја збогатуваше својата понуда од електрични автомобили, Тесла остана на четирите модели, со тоа што Модел С и Модел Икс се веќе застарени. Покрај тоа, пазарот станува сé погласен за слабиот квалитет на Тесла.

Видеото од тестот на електрично Волво Е Икс 30 во Аутомедиа

Претходна објаваЛамборгини Темерарио со хибриден Ве-8 во замена за Хуракан
Следна објаваКако Јагуар Ланд Ровер го реши проблемот во Кина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here