Стелантис го чека првиот брод со возила од марката Липмотор од Кина

СУВ-моделот Ц10 на Липмотор треба годинава да започне со продажба во Европа и се наоѓа во постапка на хомологација.

Првите електрични возила од марката Липмотор од Кина се натоварени на брод и пловат за Европа, кажа извршниот директор на концернот Стелантис, Карлос Тавареш. Продажбата на градскиот автомобил Т03 и на СУВ-моделот од средна класа Ц10 од „15-та марка“ на концернот, треба да започне во септември.

Стелантис лани откупи удел во вредност од 1,5 милијарда евра во кинескиот производител на електрични возила, како и 51 проценти удел во Липмотор Интернационал, заедничка компанија што ќе дистрибуира и произведува возила надвор од Кина.

Тавареш при објавувањето на деловните резултати на 25-ти јули потврди дека електричните автомобили на Липмотор пристигаат во Европа.

Тој кажа дека 800 возила се натоварени на брод, но не посочи кои се тие модели. Во фабриката во полски Тихи, веќе е започнато производството, односно монтажата на Т03, којашто се врши од готови модули што се испраќаат од Кина. Тавареш каќа дека постои можност за повеќе модели да се произведуваат во Европа.

Директниот увоз од Кина ќе биде изложен на дополнителни царини на ЕУ, што ќе важат привремено до почетокот на ноември, пред да се одреди конечната висина на царините. За возилата што ќе се произведуваат во Европа, царините за возилата од кинеските марки секако нема да важат.

Моделите на Липмотор ќе бидат вклучени во системот за снабдување со резервни делови и дистрибуција на возила на Стелантис, потврди Тавареш за време на објавувањето на деловните резултати на 25-ти јули. Тој додаде дека дилерите биле „возбудени“ што ќе ги понудат возилата и дека повеќето се пријавиле за продажбата. Португалецот кажа и дека Стелантис ќе им помага на купувачите со услуги за финансирање.

Во Европа, Липмотор може да го најде своето место под Ситроен и Фиат, како големоволуменски марки на концернот. Ситроен, Фиат и Опел годинава ќе пуштат возила што се изработени врз платформата Смарт Кар на Стелантис, вклучувајќи целосно електрични модели со цена под 25.000 евра. Тоа е платформа што е наменета за возила од најдостапната ценовна категорија.

Со продажба ќе се отпочне прво на девет пазари, меѓу кои се Франција, Германија, Италија, Холандија и Шпанија.

Малечкиот електричен модел Липмотор Т03 се монтира од готови китови во Полска.

Еден од главните соперници ќе биде Дачиа Спринг, достапниот модел на Рено, којшто во Франција почнува од 18.000 евра и од Кина се извезува во Европа. Кинескиот гигант во електрични возила БИД планира својот модел Сигал да го лансира на европскиот пазар по цена под 20.000 евра. Рено и групацијата Фолксваген исто така планираат ЕВ-модели под 20.000 евра.

Директниот увоз од Кина, како што е случај со Дачиа Спринг, до ноември ќе биде подложен на дополнителни привремени царини во висина до 38 проценти. За возилата што ќе се произведуваат во Европа, царините за возилата од кинеските марки секако нема да важат.

Ц10 ќе се натпреварува со Тесла Модел Ипсилон и Фолксваген ИД.4, посочија од Липмотор. Моделот се нуди во Кина како целосно електирчен автомобили или хибрид со продолжен досег, со мал бензинец што се користи за напојување на батеријата.

Тавареш кажа дека Стелантис размислува да ја понуди во Европа и изведбата со хибриден погон, што ќе зависи од законските одредби. Но, и за тој вид на погон ќе важат дополнителните царини за возила што се произведени во Кина.

Претходна објаваНовиот Фолксваген Транспортер – Совршено работно место за професионалци во движење
Следна објаваФиат, Дачиа, Тесла, искористија најмногу од субвенциите во Италија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here