
Фиат, Дачиа и Тесла се меѓу најголемите добитници од зголемената продажба на возила во Италија во јуни. Пазарот порсна за 15 проценти, на 163.064 возила.
На сите три марки им помогнаа субвенциите што владата на Џорџа Мелони ги воведе во мај.
Од помошта за купување искористија електричните возила, хибридите, како и возилата со мотор со внатрешно согорување што испуштаат меѓу 61 и 135 грами ЦО2 по километар, сметајќи според ВЛТП.
Таканаречениот еко бонус ја зголеми продажбата на батериски електрични возила за 118 проценти, на 13.428 возила. Хибридите напредуваа за 30 проценти, со продадени 18.180 возила. Искористија и малечките модели, како Фиат Панда, воедно најпродаваниот автомобил во Италија, чијашто продажбата порасна за 18 проценти и достигна 80.323 возила.
Растот во јуни навистина беше забележлив, меѓутоа аналитичарот на Датафорс, Џулијан Лицингер, вели дека вкупниот раст од 15 проценти „се чини дека не е толку голем, така што пазарот пак ќе се смали“ откако ќе се потрошат субвенциите.
Фиат ја задржа традиционалната позиција на пазарен водач, со 30 проценти раст во јуни и продадени 17.502 возила. Панда напредуваше за 56 проценти, со продадени 10.529 возила.
Дачиа постигна раст од 51 проценти и продадени 11.771 возила, со што повторно се избори за местото на втор најпродаван модел, откако во јануари годинава веќе еднаш се најде на тоа место. Марката на Рено во јуни лани исто така се најде високо, на 5-то место во Италија.
Дачиа ја зголеми продажбата на градската комбилимузина Сандеро за 69 проценти, со 7.625 возила, којашто е веднаш зад Панда.
Најпродавани марки во Италија во јуни ’24
| 1 | Fiat | 17,502 | 30% |
|---|---|---|---|
| 2 | Dacia | 11,771 | 51% |
| 3 | Toyota | 11,338 | 44% |
| 4 | VW | 11,170 | −4.3% |
| 5 | Renault | 10,778 | 42% |
| 6 | Citroen | 8,189 | 92% |
| 7 | Audi | 7,234 | 7.6% |
| 8 | Peugeot | 7,023 | −8.3% |
| 9 | Jeep | 6,679 | 3% |
| 10 | BMW | 6,046 | 15% |
Сандеро е воедно на пат да биде потврдено неговото 1-во место во продажбата на автомобили на европскиот пазар во јуни и во целото прво полугодие.
Тојота исто така искористи од еко бонусот, зголемувајќи ја продажбата за 44 проценти, со 11.338 возила. На Тојота најмногу ѝ помогна продажбата на градското мини Ајго Крос (+117 проценти) како и на стилскиот кросовер Ц-ХР (+201 проценти).

Хибридната изведба на Ц-ХР учествуваше со 88 проценти во вкупната продажба на моделот во Италија во минатиот месец.
Меѓу 20-те најпродавани марки во Италија во јуни, најголем раст постигна Тесла, со 185 проценти и продадени 4.993 возила. Зголемата продажба ѝ донесе на марката место на 12-та најпродавана марка во земјата во јуни, наспроти 23-то место во истиот месец лани. Главен двигател на продажбата на марката од САД беше Модел 3, со 3.282 возила, односно раст од 225 проценти.















