
Магазинот Тајм ги избираше најодржливите компании, откако прво ги издвои 5-те илјади најголеми и највлијателни компании во светот. Овие компании, понатаму беа оценувани во соработка со консултантската куќа Статиста.
Киа е меѓу 500-те компании што најмногу имаат постигнато во одржливоста на нивната работа во поглед на животната средина, според магазинот Тајм. Тоа се однесува и на самите производи на Киа, односно на возилата, но и на производството и целиот ланец на дејности што се поврзуваат со корејскиот производител на автомобили.
Оценувањето на одржливоста беше направено откако магазинот Тајм прво издвои 5.000 највлијателни и најголеми компании во светот. Во следниот чекор, помогна консултантската куќа Статиста, којашто изработи посебна методологија за оценување на одржливоста.
За тоа се користеа надворешни оценувања на одржливоста. Клучен критериум беше почитувањето на Глобал Компакт на ОН, усогласувањето со иницијативата на Научно Засновани Цели, вклученост во годишникот за одржливост на С&П, учество на Трка до Нула на УНФЦЦЦ, како и бројни други оценувања. Се проверуваше и во годишните извештаи за Корпоративна Општествена Одговорност на самите компании.
„Киа е почестена со прогласувањето за една од Најодржливите Компании во Светот во 2024 година според Тајм“, порачува Стивен Сентер, оперативен директор на Киа Америка. Во признанието секако се вклучени и електричните возила на Киа. Корејскиот производител развива понуда од модели со погон на струја што се одржливи, ефикасни и достапни.
Одржливоста е содржана во стратегијата на Киа, што се води како План С и во голема мера е насочен кон електрификацијата. Киа е на пат до 2027 година да создаде понуда од 15 целосно електрични модели за светскиот пазар, каде што спаѓа и неодамна претставената Киа ЕВ3, наследничка на електричната Киа Соул.















