Новиот Соренто пречекан во Киа како знаменосец

Најголемото признание за Киа Соренто доаѓа од домашниот пазар на марката. Престижниот СУВ е најпродаван модел на Киа во Јужна Кореја, што вистински сведочи колку тамошните купувачи си ја почитуваат марката. За почитувањето, македонската Киа го пречека освеженото моделско годиште на Соренто како што доликува за знаменосец.

Во време на е-банкинг и паметни телефони многу нешта станаа непотребни, но тоа секако нема уште долго време да се случи со добрата и стара презентација на нов модел на македонскиот пазар. Тоа е почитување на „институцијата“ автомобил, на феноменот луѓето во животот постојано да тежнеат кон нешто ново и пософистицирано на четири тркала, иако секој автомобил, па и најмалечкиот и најдостапниот, во основа имаат иста функција.

Кај македонската Киа би било изненадување ако не е изненадување. Во салонот на прочуената скопска улица Перо Наков, гостите беа пречекани од по еден примерок од сите генерации на Соренто досега, што значи четири возила. Од првата генерација од 2002 година, до најновата генерација, што ја имаше својата премиера во 2020 година, овие исполнирани каросерии наместени во салонот, самите ја направија најдобрата реклама досега, и за Соренто, и за Киа. Дека е голем овој автомобил на Киа, голем е, но вистинскиот впечаток го остави одржаноста на овие возила, што нивните сопственици ги користат секојдневно.

Главната ѕвезда, редизајнираното моделско годиште под црвен плашт. Генералниот директор на Киа, Владимир Билбилов, потсети дека тековната генерација ја имаше својата премиера во 2020 година, точно во почетокот на пандемијата, поради што Соренто тогаш не ја доживеа својата премиера пред македонската публика.

Овојпат е надоместено двојно. Билбилов концизно, но ефектно, ги посочи главните обележја на секоја генерациоја досега. Првата генерација од 2002 година беше вистински теренски автомобил, конструирана врз носечка рамка, втората генерација дојде со дизајнот на Петер Шрејер, со прочуенуиот „тигров нос“ што е одлика до денес, но и со бројни промени во сите пшодрачја. „Од модел којшто беше замислен како теренец и поседува теренски својства, Соренто во 2009 година прераснува во повеќенаменско возило, со самоносечка каросерија“, резимира директорот.

Во 2014 година, третата генерација на Соренто повторно го менува правецот и балансира меѓу МПВ и СУВ, но тоа што е поважно, „Киа веќе покажува дека сака да се вмеша со премиум продуктите во својот сегмент“, вели Билбилов.

Четвртата генерација веќе го носи дизајнот на новиот креатор на изгледот на Киа, на Карим Хабиб, актуелен дизајнер на корејската марка. Редизајнот во 2024 година не носи само промени во изгледот, туку има и изобилство од нова технологија и бројни новитети во сите подрачја.

Околу промените што ги донесе моделското освежување, збор зеде продукт менаџерот на Киа, Цветан Андонов, кој прво посочи на понатамошото усовршување на безбедносните својства на Соренто. „Тоа што ние ќе го понудиме на нашиот пазар е дизелскиот мотор, којшто ги задоволува Еуро 6е нормите, највисоките норми во поглед на емисијата“. Автоматски менувач, три реда седишта се стандард за сите моделски изведби на Соренто на нашиот пазар.

Галерија од тестот на Киа Соренто во 2020 година

„Вообичаено за СУВ-моделите нудиме три нивоа на опременост“, посочува Андонов, меѓутоа поради технолошкиот степен што го претставува новиот Соренто и премиум изгледот, на нашиот пазар ќе се нудат само највисоките два пакети, „медиум пакет Концепт, и највисокото ниво, Егзекјутив“.

Ценовниот почнува од 56.950 евра за Концепт, односно 64.950 евра за Егзекјутив. Тоа што главно го одликува новиот Соренто се премиум материјалите, што го создаваат отменото чувство во кабината. Во тоа можеа да се уверат и бројните присутни гости на промоцијата на знаменосецот на Киа.

Вообичаено за марката, заинтересираните клиенти ќе можат да направат пробно возење на Соренто, а моделот наскоро доаѓа на тест и во Аутомедиа.

Тестот на Соренто во 2020 година

Тест · Kia Sorento 2.2 CRDi Premium

Претходна објаваЗошто Фолксваген вложува 5 милијарди долари во Ривиан, конкурентот на Тесла?
Следна објаваНовиот БМВ М5 е хибрид

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here