Киа уште годинава ќе додаде трет електричен модел во понудата

Киа со првите најавни слики за ЕВ3 ја подготвува сцената за својот трет модел што е развиен единствено во електрична изведба. Компактниот СУВ ќе почне да се продава уште годинава.

Како што најави претходно, Киа ќе ја прошири својата понуда од електрични модели со компактен СУВ. Моделот под ознаката ЕВ3 ќе доживее светска премиера на 23-ти мај. Корејскиот производител напоменува дека продажбата ќе почне уште во текот на годинава. Киа во минатата есен го најави новиот е-модел.

ЕВ3 беше дел од серијата идни модели што Киа ги прикажа лани во рамките на „Денот на електричните возила на Киа“. Моделите тогаш беа претставени како дизајнерски студии. Трите најавни слики објавени денес, го прикажуваат изгледот на серискиот модел.

Сликите откриваат малку, но сосем доволно за љубителите на тековниот дизајнерски правец на Киа да се израдуваат дека одвај нешто е сменето од студијата.

Според Киа, изгледот се раководи според истите начела што биле користени како основа за изгледот на ЕВ9. Корејците го нарекуваат својот дизајнерски пристап „Обединети спротивности“. Киа го опишува изгледот на ЕВ3 како храбар, геометриски и робусен.

Кутиестиот изглед додава динамика во појавата на ЕВ9. Во комбинација со светлата што сочинуваат своевиедно соѕвездие, новиот е-СУВ изгледа футуристички.

Секако дека тоа ќе биде новиот модел што ќе го претставува ценовниот почеток на понудата на електрични автомобили на Киа. Токму ЕВ3 ќе има задача за значително да ја зголеми продажбата на е-возилата на марката.

Следното што производителот го најавува за својот новитет е „богата опременост, иновативна технологија и висока моќност“. Деталите ќе бидат соопштени при премиерата на 23-ти мај.

Намерата на Киа со овој модел е замислата од своите постоечки модели со електричен погон, главно модели со престижен карактер, да ја пренесе во ценовниот сегмент што е достапен за поширок круг купувачи.

 

Претходна објаваПорше Тајкан Турбо ГТ ќе ја чува безбедноста во Формула Е
Следна објаваЗошто евтините електрични автомобили од Кина се двојно поскапи во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here