Во анкетата што ја спроведе организацијата Клин Ситис се покажува дека 61% од парижаните ја подржуваат идејата да се воведат различни категории за цената за паркирање, зависно од тежината на возилата.
Анкетата е објавена непосредно пред јавниот референдум, на којшто ќе се гласа за паркирањето да биде поскапо за тешките СУВ модели. Париз ќе гласа за оваа мерка на 4-ти февруари.
Гласовите на граѓаните покажуваат дека повеќето парижани (56%) имаат лошо мислење за СУВ. Како главна причина за тоа се наведува фактот дека тие зафаќаат премногу простор. Парижаните не се посебно запознаени со фактот што СУВ ги изложуваат на поголема опасност. Само 4 од секои десет испитаници се на мислење дека СУВ учествувале во потешки судири во градовите (44%) или се причина за зголемениот број на незгоди (38%).
Повеќе од три петини (61%) ја подржуваат намерата да се воведат поскапи тарифи за паркинг за возилата што се потешки, поголеми или загадуваат повеќе.
Од нив, 68% ќе ја подржат ревизијата на системот за категоризација Крит’Ер (со него се ограничува пристапот на возила со висока емисија на штетни материи во заштитените подрачја во градот), за во него да се опфати и тежината, како на новите, така и на користените возила.
Подршка за производителите да ја зголемат продукцијата на помали автомобили даваат 67% од испитаниците.
















