Тесла ја загуби правната битка против шведската пошта во четвртокот, откако почна да се вжештува протестот на нордиските трговски синдикати.
Финците се придружија во блокадите на пристаништата, коишто имаат за цел да спречат американскиот производител на електрични автомобили Тесла да ги увезе своите возила во Шведска.
Шведскиот суд пресуди дека ПостНорд во моментов не мора да ги испорачува регистерските таблици за Тесла, што се задржани од страна на поштенските работници, во најновата пресвртница во борбата за работниците на Тесла во Шведска да добијат колективен работен договор.
Тесла се соочува со сé посилен притисок во нордиските земји од страна на моќните работнички синдикати, коишто застанаа во поддршка на механичарите на шведскиот синдикат ИФ Метал. Тие стапија во штрајк на 27-ми октомври, со барање американскиот производител Тесла да им потпише колективен работен договор.
Околу 130 работници, главно механичари на Тесла и членови на синдикатот, стапија во штрајк, што поттикна и работници што не се засегнати од проблемот, да се приклучат во штрајкот, вклучувајќи пристанишни работници, хигиениари и автомобилски дилери.
Штрајковите од солидарност се легални во нордиските земји, за разлика од САД, каде што таквите акции се строго забранети
Во 1990-те, американската компанија за играчки Тојс „Р“ Ас, потпиша колективен работен договор со 130 работници во Шведска, по тримесечниот штрајк, што исто така поттикна бројни работнички групи да се придружат на штрајкот.
Синдикатот на финските работници во транспортот АКТ реши во четвртокот да се приклучи во штрајкот против Тесла. Тие на 2-ти декември ќе почнат во сите фински пристаништа да ги блокираат возилата на Тесла што се наменети за Шведска.
„Тоа значи дека возилата на Тесла и делови за нив, што се наменети за шведските пазари, нема да бидат натоварени од страна на пристанишните работници,“ пишува во соопштението од АКТ.
Соопштението од АКТ следи по сличните одлуки што ги донесоа пристанишните работници во Шведска, Данска и Норвешка. Со тоа, целосно ќе се оневозможи Тесла да ги испорача своите возила во Шведска
„Тоа е суштински дел од нордискиот модел на пазарот на работа, да имаме колективни работни договори и синдикатите да се подржуваат меѓусебно, наведува претседателот на АКТ, Исмо Коко.
Скандинавија е клучен пазар за Тесла, чијашто политика не дозволува да се потпишуваат колективни работни договори и наведува дека нејзиниот персонал има добри или подобри услови од тие што ги бара ИФ Метал.
In refusing to even acknowledge the right of workers in Sweden to collectively bargain, Elon Musk is playing with fire. He could set off a chain reaction that leads to a fight with workers at Tesla’s German gigafactory, and a showdown across Europe. pic.twitter.com/Ux1j2BKu5K
— More Perfect Union (@MorePerfectUS) December 6, 2023
Голем пензиски фонд во Данска во четвртокот објави дека ги продале своите акции во Тесла, поради одбивањето Тесла да ги потпише договорите за работа.
„На 6-ти декември ги продадовме нашите акции во Тесла, кога тие имаа пазарна вредност од 475 милиони дански круни,“ (68,9 милиони долари), стои во пораката од ПенсионДанмарк до новинската агенција Ројтерс.
Неколку шведски пензиски фондови исто така побараа Тесла да потпише договор со синдикатот, но засега не ги продаваат акциите.
Одлуката на судот во четвртокот следи по тужбата што Тесла ја поднесе против ПостНорд, откако работниците во поштата престанаа да ги доставуваат регистерските таблици за новите автомобили на Тесла, во знак на поддршка на механичарите на американската марка.
„Окружниот суд одлучи дека ПостНорд не треба да се присилува да врши испорака до Тесла, пред да се затвори случајот,“ стои во соопштението на окружниот суд Солна, во Стокхолм.
Сикст ќе ја протера Тесла од својот возен парк, премала е вредноста при препродажба
Пристанишните работници, возачите, електричарите и хигиеничарите одбиваат или се закануваат со блокада, во знак на поддршка на работниците во ИФ Метал.
Секо, синдикатот што ги организира работниците на ПостНорд во штрајкот за поддршка, ја поздрави одлуката на судот.
„Се работи за шведскиот модел на колективен работен договор и постои консензус за тоа, како од политичката страна, така и од странките на пазарот на работа“, пишува во писмото на претседателката на Секо, Габриела Лавекиа, до Ројтерс.
Лани Норвешка беше четврти најголем пазар на Тесла според бројот на продадени возила. Шведска е петти пазар по големина, а Тесла Модел Ипсилон годинава е најпродаван автомобил во Шведска.
Во предметот што се однесува на ПостНорд, судот на 27-ми ноември одлучи дека шведската агенција на работници во транспортот мора да најде начин за регистерските таблици да доспеат до Тесла. Асгенцијата поднесе жалба против одлуката.
„Ова е лудост,“ напиша Илон Маск, извршен директор на Тесла, во коментар на
друштвената мрежа Икс, на 23-ти ноември, како одговор на веста дека ПостНорд престанала со испорака на регистерски табливи за новите автомобили на Тесла.
















