Продажниот старт за новиот Пежо Е-2008, компактен, подвижен и темпераментен градски СУВ, за францускиот производител е повод за отпочнување на иницијативата за разубавување на градовите со ѕидни слики.
Како прв чекор од кампањата, уличниот уметник Ерикс Уан наслика ѕид на зграда во Милано. Проектот е осмислен од О.П.Ен. (Омником фор Пежо енџин) и Старком.
Пежо со својот Е-2008 цели кон возачките и возачите што по својот животен пат избираат стил и индивидуалност, во спој со уживање. Притоа секогаш се земаат предвид животната средина и иднината.
О.П.Ен на ваквиот имиџ на електричниот СУВ додава ритам и хармонија. На италијанскиот кубист Ерикс Уан му припадна задачата, преку своите апстрактни дела, тој на свеж и лесен начин да го доближи автомобилот до новите генерации.
Во сликата се распознаваат елементи од иконографијата на големиот град (како што се светла и згради), коишто се комбинирани со слика од град на иднината, Ветерницата и природните елементи ги застапуваат хармонијата и одржливоста, коишто потсеќаат на спојот на човекот со природата.
Стилизиран лав потсеќа на марката Пежо и на благородниот дух на луѓето што се решаваат за живот што се темели врз начелата на одржливоста.
View this post on Instagram
















