Фабриката на Мерцедес во Раштат го произведе 6-милионитото возило

Фабриката на Мерцедес-Бенц во Раштат, град меѓу Карлсруе и Баден Баден, денес одбележа важен историски момент. Шестмилионитиот автомобил под знакот на сребрената ѕвезда излезе од фабриката. И симболиката одговара, славеничкото возило е електричен ЕКуА.

Мерцедес во фабриката во Раштат ги произведува своите модели од компакт класата. Во минатата година, продукцијата на сите варијанти во моделското семејство на А-Класа достигна околу 210.000 возила.

Тоа што автомобилот за големиот јубилеј е електричен, се совпаѓа со најавата што по овој повод ја даде Јерг Бурцер, член на управниот одбор со одговорност за производството: „Со производството на ЦЛА како прв модел врз платформата ММА од средината на деценијата, го нагласуваме насочувањето на фабриката во Раштат кон ‘само електрично’ и нејзиното значење во светската мрежа на Мерцедес-Бенц.“

Автомобилот што го спомнува Бурцер веќе се има појавено пред јавноста и притоа предизвика сензација. Тоа е Концепт ЦЛА Класа, прикажан во септември на салонот ИАА Мобилност во Минхен.

Мерцедес-Бенц почна да произведува во фабриката во Раштат во 1992 година. Во моментов оттаму излегуваат пет модели: Лимузинската и комбилимузинската изведба на А-Класа, ванот Б-Класа, ГЛА и целосно електричниот ЕКуА.

Од средината на деценијата, во Раштат ќе почне производство на модели врз новата платформа ММА. Станува збор за најмладата фабрика на Мерцедес-Бенц во Германија.

Раштат вработува 6.100 лица и располага со површина од 1,5 милиони метри квадратни. Со тоа, фабриката се вбројува меѓу најголемите и најважни работодавци во регионот, покривајќи ги Карлсруе, долината Мург и Алзас.

Првиот електричен Мерцедес на македонскиот пазар

Претходна објаваУнијата на пат да ја ублажи нормата Еуро 7 по гласањето во парламентот
Следна објаваСаудиски фонд го зголеми уделот во Астон Мартин на преку 20 проценти

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here