Парламентот и Советот на ЕУ понатаму ќе преговараат со Европската Комисија околу конечната содржина на текстот. Европскиот парламент ја одобри својата преговарачка позиција за нормата за емисија на штетни материи Еуро 7 и прифати позиција што е помалку строга во споредба со првичниот предлог, откако државите и производителите на автомобили извршија силни притисоци.
Парламентот сега ќе пристапи кон „трилог“ преговори со Европската Комисија и со Европскиот совет околу конечниот документ. Во преговорите ќе учествуваат министрите од државите на ЕУ. Одобрението може да се очекува најрано во почетокот на 2024 година. Новите правила ќе стапат на сила најрано во 2026 година за патничките автомобили, односно во 2027 година за камионите.
Еуро 7 ќе го замени сегашниот стандард Еуро 6, со којшто се одредува највисоката дозволена количина на материи од возилата со мотор со внатрешно согорување, што се штетни по здравјето. Комисијата којашто ги подготвува законите на ЕУ, наведува дека придобивките што ќе се постигнат за здравјето се многу поголеми од трошоците на коишто се изложуваат производителите на автомобили.
Производителите на автомобили и државите, посебно Италија и Чешка, критикуваа дека првичните норми што ги предложи комисијата ќе предизвикаат високи трошоци. Тие наведуваат, штом ЕУ веќе има донесено краен рок за продажбата на автомобили што испуштаат ЦО2 да заврши во 2035 година, подобро е инвестициите да се насочат во производство на електрични возила, место да се подобрува емисијата на возилата со мотори со внатрешно согорување и да се намали нивното штетно влијание врз животната средина.
Законодавците во четвртокот гласаа да се задржи предлогот на комисијата за ограничување на штетните материи од автомобилите, вклучувајќи азотни оксиди, неразградливи честички (ПМ) и јаглероден моноксид. Тој предлог од ноември 2022 година, главно ги задржува ограничувањата од Еуро 7, но за првпат вклучува ограничување на емисијата на неразградливи честички од сопирачките и гумите.
Ублажени се ограничувањата за азотни оксиди од камионите и одложени се роковите по коишто ќе стапат на сила новите закони. За автомобилите, рокот изнесува три години од донесувањето на секундарната легислатива што е поврзана со предлогот. Комисијата првично планираше новите закони да почнат да важат од 2025 година.
Државите на ЕУ, во форма на совет, и законодавците во парламентот, се сложија за законите да се ублажат. Советот во септември гласаше да останат повеќето од постоечките услови за тестирање за Еуро 6 и ограничувањата за штетна емисија од автомобилите и доставните возила, но гласаше и за поблаги норми за автобуси и камиони.
Автомобислкото лоби АЦЕА ги подржува парламентот и советот
АЦЕА, лоби групата на европските производители на автомобили, во чевртокот објави дека позицијата на парламентот била „пореалистичен пристап за Еуро 7“ во споредба со првичниот предлог на комисијата. „Еуро 7 и натаму значи високи трошоци, во момент што е клучен за трансформацијата на автомобилската индустрија“, коментираат од групата.
Групата Транспорт и Животна средина во четвртокот опиша дека позицијата на парламентот за Еуро 7 е „полоша од бескорисна“.
„Параламентот на ЕУ подржа таканаречен стандард ‘еуро 7’ што не придонесува за значително да се зголеми заштитата од загадување на воздухот, во споредба со претходната норма Еуро 6“, кажува групата за заштита на животната средина.
BREAKING: EU Parliament votes for watered down air pollution standard that will be used to greenwash dirty cars.
The #Euro7 standard backed by MEPs is worse than useless. The EU should have the decency to rename it Euro 6F or withdraw it.
Our reaction👇https://t.co/naOmxQglgv
— Transport & Environment (@transenv) November 9, 2023
Александр Вондра, главен законодавец за нормите во парламентот и член на десничарската група на Европски Конзервативци и Реформисти, кажа дека одлуката во четвртокот била „голем пораз“ за зелените и социјалистите коишто се бореа за построги норми.
Every year, 70,000 Europeans die prematurely from car, truck and bus pollution. Today, the @Europarl_EN had the chance to combat this.
But the EPP and Renew decided to team up with the far-right and chose interests of the car industry over saving lives. 🙄#Euro7 pic.twitter.com/o4tocpOOhF
— Greens/EFA in the EU Parliament 🌍 (@GreensEFA) November 9, 2023
Зелените законодавци критикуваа дека со гласањето била пропуштена можноста да се смали бројот од околу 70.000 случаи на прерана смрт секоја година во Европа, коишто се поврзуваат со емисијата на штетни материи од возилата.
„ЕУ ја пропушти можноста да биде иден иден лидер во зелена технологија“, кажа Бас Еикхут, од зелените законодавци на ЕУ.
















