Фиат 500 го престигна Голф како најпродаван модел во Германија

Домашниот Голф мораше да му го остапи првото место во продажбата во октомври на Фиат 500. Италијанскиот евергрин модел што е достапен и во целосно електрична изведба и како благ хибрид, во минатиот месец постигна 5.401 нови регистрации. Голф заостанува со повеќе од 300 возила.

Феноменот на малечките автомобили со големо име се повтори и на германскиот пазар. Во време кога економијата забавува, растат камати, расте и неизвесноста и се внимава во што се вложуваат и се трошат парите, Фиат 500 стана најпродаван автомобил на најголемиот и најважен пазар во Европа, во Германија.

Со новорегистрирани 5.401 возила во октомври, Чинквеченто води пред Голф, којшто во истиот месец постигна 5.070 нови регистрации. Не е за занемарување фактот што Фиат 500 е достапен и во целосно електрична изведба. Од батерискиот 500е се продадоа 1.760 примероци. Тоа значи дека од секои три продадени возила од Фиат 500, едно е во електричната изведба.

Фиат 500 се држи одлично на германскиот пазар и во текот на целата година. Со октомври, во земјата се продадени 39.133 примероци, од кои 17.877 се електрични. Во вкупната продажба во првите десет месеци сепак е во предност Голф со 64.930 возила. Кај него е спротивна ситуацијата со погонот. Една третина од продажбата се дизели.

Секој Фиат 500 е електризиран. Во стандардниот модел работи благ хибриден погон, со стартер-генератор што ги заменува анласерот и алтернаторот. Во комбинација со мала и евтина батерија што е вградена во кабината, благиот хибриден погон постигнува чуда во смалувањето на потрошувачката во град.

Најпродавани 50 модели на германскиот пазар во октомври 2023

Модел

Октомври 2023

Јан – Окт 2023

500 5401 39133
GOLF 5070 64930
PASSAT 4380 40571
T-ROC 4377 59337
TIGUAN 4134 52887
GLK, GLC 3794 30247
CORSA 3741 44662
POLO 3416 25543
OCTAVIA 3359 36324
MINI 3307 37756
A4 3259 29955
A3 3212 28312
C-KLASSE 2842 38527
X3 2819 21641
X1 2809 28968
3ER 2720 28737
ENYAQ 2579 16725
GLA 2487 21806
SANDERO 2451 19291
A6 2353 25606
4ER 2343 20581
Q3 2340 22378
ASTRA 2339 18784
LEON 2254 21184
TUCSON 2188 15590
T-CROSS 2173 24061
CEED 2172 17631
FORMENTOR 2152 24748
MOKKA 2098 24233
KUGA 2096 18195
E-KLASSE 1972 20585
YARIS 1939 23956
Q4 1867 15056
TRANSPORTER 1853 24922
KODIAQ 1833 19227
A-KLASSE 1804 16741
4 1722 10382
FIESTA 1697 11679
V-KLASSE 1650 17224
MODEL Y 1649 40257
PUMA 1638 18051
FABIA 1632 16716
XC60 1632 11959
MODEL 3 1607 12797
Q5 1595 21644
FOCUS 1574 22213
1ER 1548 16090
5ER 1491 18828
GRANDLAND X 1473 12610
KAROQ 1468 16554

Претходна објаваШведски пристанишни работници одбиваат да растовараат Тесла од бродовите
Следна објаваМазда очекува рекордна добивка од продажбата на СУВ со голема маржа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here