
Ферари ги покачи предвидувањата за добивката што ќе ја оствари за цела 2023 година, откако во третиот квартал постигна подобри резултати од очекувањата.
До зголемениот профит на Ферари доведоа збогатената понуда од моделски изведби, високото ниво на цени и заинтересираноста на купувачите да нарачаат посебни детали и опции за своите автомобили.
Тоа е причина за италијанскиот производител на суперспортски и луксузни автомобили да ги покачи предвидувањата за годинава, кажа извршниот директор Бенедето Виња.
„Книгата со нарачки останува полна, сведочејќи за големата побарувачка на сите страни на светот, со покриена цела 2025 година“, наведе директорот во соопштението.
Ферари соопшти дека хибридните моделски изведби од семејствата на 296 и СФ90 најмногу довеле до зголемувањето на бројот на испорачани возила во третиот квартал. Моделите 812 Компетиционе А и четириседот Пуросангуе уште се во фазата во којашто продукцијата треба да го достигне планираното ниво.
View this post on Instagram
Маранело во четвртокот излезе со новите и зголемени предвидувања за добивката за годинава, без камати, даноци, девалцација и амортизација (Ебитда). Италијанците очекуваат годинава да ја завршат со добивка од најмалку 2,25 милијарди евра, наспроти досегашните предвидувања меѓу 2,19 и 2,22 милијарди евра.
Ферари во третиот квартал испорача 3.459 возила, за девет проценти повеќе во споредба со лани
Во периодот јули-септември, пречистената ЕБИТДА порасна за 37 проценти, на 595 милиони евра. Тоа е повеќе од предвидувањата на аналитичарите, за 560 милиони евра.
Аналитичарите посочија дека добивката на Ферари во третиот квартал била над предвидувањата, и покрај пониската маржа во споредба со вториот квартал. Маржата на ЕБИТДА е намалена на 38,6 проценти, наспроти 40 проценти во периодот април-јуни.
















