Киа во октомври продаде близу 260.000 возила, Соренто прв во Кореја

Соренто е најпродаван модел на Киа на корејскиот пазар во октомври

Октомвриската продажба на Киа во светски рамки брои 257.709 возила, што претставува раст од 7,7 проценти во споредба со лани. Нов поттик се очекува од електричниот СУВ-знаменосец со седум седишта, ЕВ9.

Киа во октомври продаде 214.139 возила на пазарите надвор од Кореја и 42.960 возила на домашниот пазар, што дава вкупна продажба од 257.709 возила. Извозните пазари во есенскиот месец пораснаа повеќе (9,2%) отколку домашниот пазар, каде што во октомври имаше само мало зголемување во продажбата (0,4%).

СУВ моделската тројка – семејниот Спортаж, урбаниот Селтос и луксузниот Соренто – и натаму ги претставува трите најпродавани модели на Киа. Традиционално прв е Спортаж, со продадени 45.110 возила. Бестселерот сочинува 17,5 проценти од вкупната продажба на марката.

Следат Селтос и Соренто, со продадени 33.792, односно 20.008 возила соодветно.

На извозните пазари, исто така води Спортаж со 40.403 продажби, пред Селтос со 30.784 возила и компактот К3, познат и како Форте на пазарите надвор од Кореја – сличен на европскиот Сид, со продадени 18.439 примероци.

Во Кореја, првото место за Соренто во продажбата на Киа сведочи мошне веродостојно за високиот стандард во вредната азиска земја. Во октомври биле продадени 8.777 примероци од луксузниот модел. По него следи Реј, мини-автомобил со техника од Пиканто, што се продава само во Кореја, со 4.824 примероци. Спортаж е трет на домашниот пазар, со мал заостаток и вкупно 4.707 октомвриски возила.

Во последните два месеци од годината се очекува голем поттик во продажбата од стартот на новата лимузина К5 и на луксузниот ван Карнивал. Уште еден силен модел за растот на продажбата е електричниот техно-предводник ЕВ9, којшто ќе стане достапен на повеќе пазари ширум светот.

Тест на хибридната Киа во Аутомедиа, со поаѓање со полна батерија и понатаму со комбиниран погон бензин-струја

Претходна објаваЕлектричниот Фолксваген по супертестот на 100.000 километри во АДАК
Следна објаваНовитет во салонот на Мак Аутостар: Електричeн Мерцедес е луксуз на изборот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here