Носител на сите надежи: Ауди повторно го одложи стартот на Ку-6 е-трон

Целосно електричниот Ауди Ку-6 е-трон е прв модел на марката од Инголштат што е конструиран врз новата платформа ППЕ.

Место кон завршетокот на годинава, носителот на сите надежи на Ауди, електричниот СУВ-модел од виша класа, Ку-6 е-трон, ќе мора да причека за својата премиера во 2024 година.

Новиот шеф на Ауди, Гернот Делнер, првпат пред јавноста излегува од сенката на својот претходник Маркус Дусман. Првиот модел на Ауди врз целосно новата платформа ППЕ, Ку-6 е-трон, место пред завршетокот на годинава, како што се планираше првично, би требало да се очекува во март 2024 година.

Тоа е веќе вторпат да се одложи стартот на Ку-6 е-трон. Моделот на Ауди и новата платформа ППЕ, што концернот Фолксваген ја развива од нула, за Порше и Ауди, и којашто се темели на 800-волтна струјна мрежа, првично требаше да се појават уште пред завршетокот на минатата година. Но, проблемите со софтверот тогаш го одложија стартот на моделот. Според тоа, со новото одложување, стартот на важниот модел за Ауди сега ќе доцни близу две години.

Новиот извршен директор Делнер мора уште еднаш да ги провери датумите за старт на сите планирани нови модели за следните години. Претходникот Маркус Дусман најави голем огномет од модели за 2024 година и во март кажа: „Се наоѓаме пред најголемата моделска офанзива во нашата историја. До 2025 година ќе претставиме повеќе од 20 нови модели, од кои повеќе од половината ќе бидат електрични.“

На 1-ви септември, пранешниот инженер во формула 1, сепак мораше да си замине по интерната караница во фирмата. Неговиот наследник Делнер, повереник на извршниот директор на целиот концерн Фолксваген, Оливер Блуме, почна да се сомнева дали планираната моделска офанзива навистина ќе може да се реализира.

Доцни и електричниот Порше Макан

Одлуката на шефот на Ауди ги менува и плановите кај сестринската марка од концернот, Порше. За Ауди да добие празна бина по долгата моделска суша во сегментот на електричните автомобили, менаџерите во концернот се договорија Ку-6 е-трон да се појави пред Порше Макан Е, којшто ќе ја користи истата платформа ППЕ. Тоа значи дека сега и електричниот СУВ на спортската марка ќе мора да се одложи барем до следната пролет. Секако дека е можно шефот на концернот, Оливер Блуме, кој е воедно и шеф на Порше, да го откаже постигнатиот договор, па електричниот Макан сепак да се појави пред Ку-6 е-трон.

Моделската офанзива во Ауди е од клучно значење, за марката да го добие одамна потребното освежување. Кусо по моделскиот старт на Ку-6 е-трон треба да се појави и А6 е-трон, како прва целосно електрична лимузина на Ауди. Конкуренцијата веќе чека, баварците (Ауди исто така е баварска марка) да се придружат – БМВ со и5, Мерцедес со Е-Кју-Е.

Мак Аутостар ги објави македонските цени за електричниот пандан на Е-Класа, Мерцедес Е-Ку-Е. Цените и основните технички податоци за моделот и за сите останати нови модели што се нудат на македонскиот пазар можете да ги погледнете во нашиот онлајн-каталог АВТОСАЛОН.МК

Mercedes-Benz EQE 300

 

Претходна објаваДизајнерот на Пежо одликуван од францускиот магазин Ауто Мото
Следна објаваКина го ограничува извозот на графит, проблем за батериите за е-автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here