Дизајнерот на Пежо одликуван од францускиот магазин Ауто Мото

Наградата што ја доделува редакцијата на магазинот Ауто Мото е дел од Гран При 2023 и со неа им се оддава признание на „новите автомобилски таленти“. Матијас Хосан, директор на дизајн во Пежо, носител е на ценетата награда за годинава.

На свеченоста што се одржа во Париз на 18-ти октомври, Матијас Хосан ја прими наградата за „Дизајнер од новиот бран“ на доделувањето на Ауто Мото Гран При за 2023 година. Уредниците на францускиот магазин Ауто Мото годинава првпат ја доделија оваа награда, којашто ги „одликува новите таленти во автомобилската индустрија, кои го подржуваат и поттикнуваат развојот на мобилноста во денешницата.“

Матијас Хосан на свеченото доделување кажа дека е „среќен и горд што ја освоив оваа награда, којашто исто така претставува одликување за работата на целиот тим за дизајн на Пежо, на којшто сакам срдечно да му заблагодарам за нивната страст и одличните резултати.“

Дизајнерот што го привлече вниманието на сцената со фастбекот 408 и со новата генерација на Пежо Е-3008, понатаму кажа дека наградата претставува и „признание на способноста на марката, својот дизајн да го пренесе на уште похрабро и поиновативно скалило и да внесе привлечност во електричната иднина кон којашто се двиќи Пежо.“

Матијас во 2019 година стана директор за дизајн во Пежо

Дизајнерот со диплома од прочуениот Страт Колеџ, Хосан почна да работи за Пежо во 2013 година. Во почетокот, тој беше одговорен за одделението за напреден дизајн и за концептни автомобили во ДНА во Велизи. На таа функција, Хосан раководеше со тимовите што дизајнираа едни од највпечатливите концептни автомобили воопшто во историјата на марката. Меѓу нив се Кварц (2014), Фрактал (2015), Инсинкт Концепт (2017) и „решавачкиот“ Е-Леџенд Концепт (2018).

Од 2019 година, Матијас Хосан раководи со дизајнот на Пежо. Во таа улога, тој во голема мера е заслужен за целосно новото осмислување на дизајнот на марката, што ја подржува радикалната трансформација во 100% електрична марка и поставува нови мерила во изгледот.

Два автомобили од цртачката табла на Хосан беа решавачки за одликувањето.

Пежо Инсепшн Концепт, претставен во почетокот на годинава, претставува прв дизајнерски манифест на Пежо којшто е под целосна одговорност на Матијас Хосан. Вториот автомобил секако е Пежо Е-3008, со единствен изглед и нападен стил, како надвор, така и во внатрешноста.

Претходна објаваШефот на Тојота вели дека е-автомобилите се „алката што недостига“ за најголемиот производител во светот
Следна објаваНосител на сите надежи: Ауди повторно го одложи стартот на Ку-6 е-трон

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here