Ауди со голем скок во продажбата во септември, Форд и Тесла удолу

Ауди Ку-4 Е-Трон

Ауди и Рено постигнаа најголем напредок во продажбата на европскиот пазар во септември, што придонесе тие да се искачат неколку места на листата на најпродавани марки, во споредба со истиот месец лани.

Растот од 20 проценти во продажбата на Ауди, со 62.558 возила, придонесе германската марка да биде 4-та најпродавана марка во септември. Лани во септември, Ауди беше на 7-то место.

Водечката тројка ја сочинуваат Фолксваген, како број 1, потоа следи Тојота, и големото изненадување, Мерцедес-Бенц на местото на трета најпродавана марка на европскиот пазар.

Ауди ја зголеми продажбата на своите СУВ-модели со електричен погон, Ку4 Етрон и Ку4 Е-трон Спортбак повеќе од двојно. За големиот напредок на баварската марка придонесе и двоцифрениот раст во продажбата на премиум компактот А3 и на градскиот модел А1.

Рено се искачи од 6-то на деветото место, со зголемувањето ја продажбата за 12 проценти. За тоа најмногу придонесе високата побарувачка за новиот Рено Аустрал, којшто учествува со близу 6.500 примероци во септемвриската продажба на француската марка. За 26 проценти напредуваше и продажбата на градскиот модел Клио, со 19.731 примероци.

Септември не им донесе позитивни резултати на Форд и Тесла

Продажбата на Форд опадна за 7,4 проценти, со вкупно 51.923 возила, во услови кога целиот европски пазар напредуваше за 11 проценти. Тоа донесе и пад на позицијата на американската марка, од 4-то место во септември 2022 година, на 9-то место годинава.

Тесла продаде за 24 проценти помалку, вкупно 30.762 возила. Падот го погоди и СУВ-моделот од средна класа Тесла Модел Ипсилон, чијашто септемвриска продажба изнесува 26.370 возила, за 8,4 проценти помалку од лани. Овие проимени сепак не влијаеа за Тесла Модел Ипсилон да биде најпродаван модел на европскиот пазар во септември и воопшто најпродаван модел во првите девет месеци од годината.

Џип добива голем залет со пристигањето на Авенџер, којшто додаде 5.342 возила во продажбата на американската марка на концернот Стелантис.

Во септември дури 42 марки пријавиле дека постигнале повисока продажба од просекот на пазарот, додека 53 марки го завшиле месецот со раст во споредба со септември лани.

Во исто време, 26 марки имаат пад во продажбата.

Дванаесет марки, вклучувајќи ги Лотус, Инеос, но и Ора, Би-Уај-Ди и Експенг од Кина, постигнаа продажба зголемена за три или четирипати.

Меѓу останатите марки со најголем раст спаѓаат Џип (+117 проценит), Смарт (+89 проценти) и Сузуки, којшто се искачи во европскиот Топ 20, со раст од 58 проценти во продажбата и вкупно 19.977 возила во септември. Лани во истиот месец, јапонската марка беше на 23-то место во продажбата во Европа.

Најпродавани модели на европскиот пазар во септември 2023

Марка

Модел

Возила

’22 [%]

Tesla Model Y 26370 -8.4
Peugeot 208 21111 11.4
Renault Clio 19731 26.4
VW Golf 19317 21
Dacia Sandero 18587 7.6
Ford Puma 17849 23.7
VW T-Roc 16859 7.8
Opel Corsa 16400 23.5
VW Tiguan 16122 14.2
Nissan Qashqai 15899 2.7
Citroen C3 15685 25.4
Kia Sportage 14264 6.3
Peugeot 2008 13714 9.1
Skoda Octavia 13550 -20.5
VW Polo 13312 -11.3
Hyundai Tucson 13296 0.3
Toyota Yaris Cross 13281 18.1
Toyota Yaris 12332 -23.3
Ford Kuga 12168 0.5
Renault Captur 12013 27.3

Го следите нашиот видео канал на YouTube?

Претходна објаваКои модели им се најпродавани на автомобилските марки?
Следна објаваФорд губи многу пари со електричните автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here