На американскиот производител Ford може да му се изрече највисоката казна во В. Британија в година, со примената на новите закони коишто ги условуваат автомобилските марки, батериските електрични автомобили да учествуваат со најмалку 22 проценти во продажбата.
Во островската земја в година стапува на сила т.н. ZEV-мандат (zero emission vehicle, возила со нулта емисија), со којшто се предвидува елеткричните автомобили да учествуваат со најмалку 22 проценти во вкупната продажба на возила од одделните марки. Оваа квота важи за првата година откако законот ќе стапи на важност.
Доколку не биде исполнет условот, на производителите ќе им биде изречена казна во висина од 15.000 фунти (околу 17.220 евра) за секој продаден автомобил, односно по 9.000 фунти за секое доставно возило.
Мининалната квота ќе се зголемува секоја година и во 2025 година ќе достигне 28 проценти, потоа 80 проценти до 2030 и кочено 100 проценти до 2035 година.
Пазарните аналитичари од Dataforce пресметаа дека производителите на автомобили би биле соочени со казна во вкупна висина од 2,4 милијарди фунти (2,75 млрд. евра) доколку се задржи уделот на електричните автомобили од 18 проценти во изминатиот период од 12 месеци до завршетокот на септември.
The UK has confirmed their ZEV mandate with a mandatory BEV share of 22% in 2024. Based on new registrations over the last 12 months, this could lead to heavy fines for all manufacturers. More details ⏩ https://t.co/Oh4s72FVBd #DataforceInsights #news
— Dataforce (@DataforceGmbH) October 11, 2023
Со удел од само 2 проценти, Ford ќе се соочи со највисоката казна во земјата, доколку не преземе чекори за драстично да го смени уделот на електричните автомобили во својата продажба. Слично е со Mazda (3%), додека Suzuki и Land Rover во изминатите 12 месеци не продале ниту еден електричен автомобил.
Меѓу марките што имаат голем предизвик се наоѓаат уште Nissan, Fiat и Citroen, со удели од по 12 проценти, исто и Skoda (13%), а понатаму и Vauxhall (Opel), Peugeot и Mini со 15 проценти.
На производителите на автомобили им стојат на располагање најразлични тактики за да надоместат за кусокот во продажбата на електрични возила. Меѓу нив спаѓа и можноста, марките да купат удел од други марки, што имаат повисок удел во продажбата.
Марки што воппшто не се загрижени околу новите закони се Cupra со 31 проценти, Porsche со 29 проценти, BMW (25%) и Mercedes-Benz со 22 проценти удел на електричните автомобили во изминатите 12 месеци.
Производителите со 100% електрична понуда, како Tesla и Polestar, ќе можат да им продаваат „удели“ на марките што немаат доволно продажби.
Три четвртини од продажбата во Обединетото Кралство отпаѓа на флотни продажби, односно на компании, поради високите субвенции што државата им ги исплатува на компаниите што купуваат електрични автомобили.
„За да ги избегнат овие казни, производителите мораат да ги убедуваат приватните купувалчи да избираат електрични автомобили,” кажува Бенџамин Кибис, аналитичар во Dataforce.
















