Германскиот магазин Ауто Билд и Шваке пресметаа дека Range Rover Velar губи најмалку од вредноста на ново во конкуренција на СУВ од средна класа, доколку се продаде по четири години од купувањето, со 60.000 поминати километри.
Со задржани 68,4 проценти од вредноста по четири години од купувањето, Range Rover Velar е шампион во својата класа, во анализата што германскиот магазин Ауто Билд и познатиот проценител Шваке ја вршат секоја година.
Range Rover Velar е модел со најстабилна вредност меѓу СУВ-моделите од средна класа и со тоа го заслужи насловот на „Вертмајстер 2023“, првак во вредност.
За да дојдат до податокот, стручните лица за пазарно истражување од Шваке оценуваа милиони податоци. Во категоријата на СУВ-модели од средната класа, Range Rover е неприкосновен на врвот.
Уште еден модел на Британците беше многу блиску до наслов на шампион во вредност – Range Rover Sport му недостигаа само 0,4 процентни бодови за да избие на првото место во својата класа, но и третото место е големо достигнување.
Дваесет години, експертите на Шваке го истражуваат германскиот пазар, за да ги откријат „шампионите во вредност“ за магазинот Ауто Билд. Опфатени се 13 класи, од малечки возила, до луксузни лимузини, од спортски модели до електрични модели. При процената се предвидува како ќе се развива пазарот во следните четири години, место да се зема претходниот период од четири години.
Се оценуваат бројни критериуми, како осмислување на моделот, квалитет и дизајн, но и цени и оперативни трошоци, како и планираната замена со нова моделска генерација. Годинава се разгледуваа 50.000 тековни и историски модели, за коишто беа проверени преку 1,3 милион цени во период од еден месец.
Range Rover Velar води уверливо со 68,4 проценти од вредноста на ново, пред
Mercedes GLC Coupé 300 d 4Matic 9G-Tronic (AMG Line Advanced) со преостаната вредност од 65,7 проценти и Genesis GV70 2.5T AWD AT8 (Luxury Line) со преостаната вредност од 64,5 проценти.
Кај британскиот модел станува збор за изведбата Dynamic SE P250 со бензинец со 250 КС. Нов автомобил со дополнителна опрема во вредност од 82.860 евра, по четири години и по 15.000 километри годишно, ќе вреди 26.200 евра. Посебно се забележува тоа што Velar се избори за титулата против силната дизел-конкуренција.
Добри вести и за Range Rover Sport во класата на СУВ-модели од виша класа. Во моделската изведба Dynamic SE D300, тој задржува 66,8 проценти по четири години. Мала беше предноста на BMW X6 xDrive30d (M Sport), со 67,2 проценти и Genesis GV80 3.0 Diesel AWD AT8 (Premium Line) со 66,9 проценти.

Британската отмена марка и досега се докажувала во ова истражување. Во 2014 и 2021 година, Range Rover Sport победуваше во својата категорија, а Range Rover Evoque во 2019 година стана дури и „Крал на вредноста во сите класи“, за една година подоцна да освои уште една победа во својата класа.
















