Кражбите на автомобили во Германија се зголемиле за четвртина, прв избор Jeep Grand Cherokee

Додека траеја ограничувањата за движење во време на пандемијата, бројот на кражби на автомобили во Германија се намалил значително. Осигурителните компании сега пријавуваат значитечен раст во бројот на кражби. Како и за сé друго, германската статистика и за тоа има најпрецизни податоци.

Кражбите на автомобили и делови од автомобили во Германија во минатата година повторно зачестиле. „Во споредба со преклани се украдени за 25 проценти повеќе патнички автомобили, а покрај тоа се зголемил и бројот на кражби на делови од автомобили за 15 проценти“, кажува директорот на Здружението на германските осигурителни компании, Јерг Асмусен.

Осигурителите во просек исплаќале отштета за украден автомобил во висина од преку 20.000 евра

Според статистиката што беше објавена во средата, крадците на автомобили во минатата година украле и 12.288 каско осигурени автомобили. Со тоа е предизвикана економска штета во висина од близу 250 милиони евра. „Се зголеми и отштетата за ограбените: Осигурителите плаќаче отштета во просечна висина од близу 20.300 евра, што е за шест проценти повеќе од преклани“, објаснува Асмусен.

Висина на отштетата што ја исплатиле осигурителите (во изворна форма на германски јазик)

СУВ од висока класа главна мета на крадците

Криминалците најмногу ги ценат најскапите СУВ-модели. Меѓу десетте моделски серии што се крадат најчесто, меѓу другото се наоѓаат два модели на Range Rover, како и скапи варијанти на Lexus NX и Toyota Land Cruiser. Најмногу кражби по одреден број регистрирани возила од конкретен модел има Jeep Grand Cherokee од 4-та генерација.

Марки што се краделе најмногу

Број на кражби на секои 10.000 осигурени возила од конкретниот модел

Берлин со најголем ризик за кражба, на југот е далеку помала опасноста

Во меѓупокраинска споредба и во споредба меѓу градовите, Берлин и натаму е главен град и на крадците на автомобили. Една од секои четири кражби на автомобил во Германија, се случува во Берлин.

Лани во престолнината биле украдени 2.924 каско осигурени автомобили, за една третина повеќе од преклани. „Во споредба со Берлин, во Баварија и Баден-Виртемберг не се крадат ниту третина толку автомобили“, споредува Асмусен.

Статистиката пријавува и 61.000 кражби на делови што се вградени во автомобилите, како волани или воздушни перници. Осигурителите само за оваа форма на криминал исплатиле дополнителни 114 милиони евра.

Омилените модели на крадците

Претходна објаваОд стотина производители на електрични автомобили во Кина, третина продаваат под 500 возила за квартал
Следна објаваRange Rover Velar е шампион во задржување на вредноста според Ауто Билд

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here