Toyota и партнерите: Тркачко баги со погон на водород ќе вози на Рели Дакар

Како предводник на проектот HySE, каде што учествуват уште Suzuki, Honda, Kawasaki и Yamaha, Toyota на Дакар Рели во јануари 2024 ќе учествува со тркачки автомобил чијшто мотор користи водород, место бензин. Тоа ќе биде силно уверување во погонската технологија што Јапонците ја подготвуваат за помасовно присуство на автомобилскиот пазар.

Здружението за истражување HySE (Hydrogen Small mobility & Engine technology) го пријави своето возило со мотор со погон на водород, HySE-X1, за учество на Дакар 2024, како дел од „Мисија 1000“. Релито почнува на 5-ти јануари, завршницата е на 19-ти јануари в година.

Мисија 1000 е дел од „Програмата за иднината на Дакар“, којашто има за цел да ги поттикне производителите да развиваат нова генерација погонски решенија што не испуштаат СО2. Тоа вклучува и мотори што работат на водород, како и електрични возила и хибриди што согоруваат биогориво.

Во тркачкото баги HySE-X1 работи мотор што место бензин согорува чист водород. Технологијата ќе се докажува во услови што се сметаат како најголем предизвик на сцената на мотоспортот. Партнерите во проектот HySE очекуваат со нетрпение да видат како нивната технологија со погон на водород ќе се докаже во тие услови.

Доколку сé мине како што е замислено, следен чекор по Рели Дакар ќе биде почеток на развој на мотор со погон на водород за големосериско производство. Секако дека преку учеството на релито на сите релија, партнерите во HySE очекуваат и други компании и здруженија да им се придружат во мисиојата.

Електрична Toyota bZ4X во нашиот онлајн-каталог со сите нови автомобили на македонскиот пазар · Технички податоци, опременост, цени, можност за споредба на повеќе модели

Toyota bZ4X 150 kW FWD (4×2) Comfort

Возилото HySE-X1 што ќе учествува на Рели Дакар користи шасија што е изработена од белгиската компанија Overdrive Racing – исто така партнерка во HySE – што е приспособена за да се вгради резервоар за водород и систем за напојување со водород. Во возилото ќе работи мотор на Yamaha со погон на водород, што е наменет за мотоцикли и што веќе има напредувано далеку во развојот и тестирањето. За полнењето водород и за одржувањето за време на трката ќе се грижи Overdrive Racing.

Макета на HySE-X1 ќе биде изложена о на големиот салон на автомобили Јапан Мобилити Шоу во Токио, што почнува на 25-ти октомври.

Основните податоци за HySE-X1

  • Должина x ширина x висина 3,530 mm x 2,070 mm x 1,700 mm
  • Тежина околу 1,500 kg
  • Мотор 4-тактен,  4 цилиндри, водено ладење, погон со синџир, натполнење со механички компресор, две брегасти вратила во глава, 16 вентили, зафатнина 998 cm3

 

Претходна објаваCitroen преоѓа во режим за напад со новиот EV-модел e-C3
Следна објаваПоранешен главен дизајнер на Volkswagen ќе креира за кинески Changan

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here