Поради спорот околу постојаниот застој на планинскот превој Бренер, Италија поднесе тужба против Австрија пред Европскиот суд на правдата. Така реши владата на премиерката Џорџа Мерони во Рим.
Главниот спор се води околу контроверзното наизменично пропуштање на товарните возила во австриската сојузна држава Тирол. Останатите држави исто така реагираат против регулирањето на сообраќајот.
Според наводите на италијанскиот министер за сообраќај Матео Салвини, ова е првпат Италија да излезе пред суд против партнерка од ЕУ. Салвини критикува за „забрана за транзит“ што австриската влада еднострано ја вовела на Бренер.
И Баварија се закануваше со тужба
На важната рута преку Аплките постојано се случуваат долги застои. Тоа во изминатите години предизвикуваше чести препирки меѓу Баварија и Тирол, при што германската сојузна држава дури и се закани со тужба.
Сообраќајот со товарни возила преку превојот Бренер значително се зголеми во изминатите децении. Според податоците на шефот на владата на Тирол, Антон Матле, бројот на товарни возила се зголемил од 1,1 милион во 2000 година, на 2,5 милиони возила лани.
Дури 40 проценти од вкупниот транспорт на стока преку Алпите се врши преку превојот Бренер
Членка на ЕУ може да поднесе тужба до Судот на правдата, доколку цени дека друга членка го прекршува европското право. Пред да отпочне судската постапка, прво мора Комисијата на ЕУ да се занимава со предметот. Доколку Комисијата во рок од три месеци не излезе со став, исто така следи тужба.
🇮🇹 files a lawsuit against 🇦🇹 at the “European Court of Justice” for imposing restrictions on transporters at the Brenner Pass.
🚛Almost half of 🇮🇹’s exports go through there❗It would be important for 🇷🇴 and 🇧🇬 to also sue 🇦🇹 at the ECJ for the unjustified Schengen veto. pic.twitter.com/Jf19TVUDmm
— Central-European economics trending (@Intermarium_24) October 16, 2023
Баварија повеќепати побарала од Комисијата да поведе постапка против Австрија заради повредување на спогодбата. Тогашниот германски министер за сообраќај Андреас Шоер, уште во 2019 година оцени дека наизменичното пропуштање на товарните возила на границата со Тирол и блокирањето на споредните патишта заради избегнување на застојот е „крајно дискриминирачко“.
















