Ferrari почна да прифаќа плаќање во крипто валута за своите спортски автомобили во САД, а подоцна ќе ја понуди шемата и во Европа.
На барање на своите богати клиенти, Ferrari прифаќа плаќањето за своите луксузни автомобили да се врши и во крипто валути, прво во САД, а потоа и во Европа, изјави за Ројтерс директорот за маркетинг на Ferrari, Енрико Галиера.
Главнината од блу-чип компаниите (моќни и докажани компании) решија да останат понастрана од крипто валутите, поради тоа што непредвидливоста на биткоинот и останатите токени прави тие да бидат непрактични за тргување.
Слабата регулатива и високата потрошувачка на енергија исто така оневозможија крипто валутите да наидат на поширока примена како платежно средство.
Меѓу тие компании се вбројува Tesla, којашто во 2021 година почна да прифаќа плаќање во биткоин, најголемата крипто валута, пред шефот Илон Маск да ја забрани, поради загриженост околу влијанијата врз животната средина.
Галиера, директор за маркетинг и комерцијала на Ferrari, изјави за Ројтерс дека крипто валутите вложиле напори да го смалат својот СО2-отпечаток, преку воведување нов софтвер и поголем обем на примена на обновлива енергија.
„Нашата цел да достигнеме карбонска неутралност до 2030 година во целиот наш синџир на создавање на дополнителна вредност, се потврдува апсолутно,“ изјави тој во интервјуто.
Ferrari кажува дека одлуката претставува одговор на барањата на пазарот и на дилерите, затоа што голем дел од нивните клиенти вложиле во крипто.
„Некои од нив се млади инвеститори што го создаде своето богатство преку крипто валутите“, наведува Галиери. „Другите се повеќе традиционални инвеститори, кои сакаат да воведат разновидност во своето портфолио.“
Додека дел од крупто валутите, како што е втората најголема валута, етереумот, ја подобриле својата енергетска ефикасност, биткоинот уште е критикуван поради тоа што копањето троши многу енергија.
Во првата половина од годинава, Ferrari испорача повеќе од 1.800 автомобили од другата страна на Атлантикот.
Галиера на наведува колкав број возила очекува да се продадат преку наплата во крипто. Тој посочи дека бројот на нарачки од компанијата е голем и целосно е резервиран речиси до половината од 2025 година. Компанијата повеќе има намера да го тестира овој растечки универзум.
„Тоа ќе ни овозможи да се поврземе со луѓето што не мора да бидат наши клиенти, но можат да си дозволат Ferrari,“ објаснува директорот.
Италијанската компанија во минатата година продаде 13.200 автомобили, со цени што почнуваат од 200.000 евра и достигнуваат два милиони евра. Планот е крипто валутатата да почне да се прифаќа во Европа во првиот квартал од следната година. Подоцна шемата ќе биде прифатена и во останатите региони каде што крипто е легална валута.
#Ferrari Starts Accepting #Crypto Payments for Luxury Sports Cars https://t.co/4JhhG1tRFl
— Bitcoin.com News (@BTCTN) October 15, 2023
Европа, Средниот Исток и Африка (ЕМЕА) е најголем регион за Ferrari, со удел од 46 проценти во вкупната испорака на возила во првата половина од годината.
„Ист е интересот во САД и во Европа, не гледаме голема разлика“, кажува Галиера.
Кина е меѓу земјите што го забрануваат користењето крипто валути.
За првата фаза во САД, Ferrari соработува со еден од најголемите посредници за плаќање во крипто валута, BitPay. Плаќањето ќе се прифаќа во биткоин, етереум и USDC, една од најголемите т.н. стејблкоинс. Во различни региони, Ferrari може да користи и други посредници за плаќањето.
„Цените не се менуваат, нема такси и нема провизија доколку се плаќа во крипто валута,“ кажува Галиера.
BitPay веднаш ќе ги претвори плаќањата во криптовалута во традиционални валути, на барање на дилерите на Ferrari, за тие да се заштитат од ценовни осцилации.
„Тоа беше меѓу нашите главни цели: Да се спречи, нашите дилери и ние, директно да управуваме со крипто валутите и да се заштитиме од големи флуктуации,“ објаснува директорот.
Како посредник за плаќањето, BitPay ќе гарантира дека виртуелните валути потекнуваат од легитимни извори и не произлегуваат од критимална активност, како и дека истите нема да се користат за перење на наплата од криминал или за прикривање данок.
Повеќето од дилерите во САД веќе потпишале договор или се на пат да го сторат тоа.
















