Село со три илјади жители решава дали BMW ќе гради фабрика

Плакат на влезот во селото, се повикуваат жителите да гласаат на референдумот

Во недела вечер се решава „судбината“ на BMW. Најдоцна до 22 часот треба да биде познато, дали референдумот за изградба на новата фабрика за батерии на BMW во селото Штраскирхен завршил успешно.

Три илјади жители на село во Долна Баварија, на помалку од 150 километри од седиштето на BMW во Минхен, во правец на чешката граница, треба да гласаат дали се за или против, светскиот концерн да изгради фабрика таму. Планот на производителот може да се изјалови, доколку една мала група жители успее да ја саботира BMW Group, да не се изгради фабриката што ќе биде важна во следните децении.

Германските медиуми не пропуштаат деновиве да спомнат за случувањата во селото Штраскирхен, во Долна Баварија. Во близина на селото треба да се изгради фабрика за високонапонски батерии, којашто од 2025 година ќе ги снабдува со батерии фабриките на BMW во Динголфинг, Минхен и Регенсбург.

Фабриката ќе се простира на површина од околу 100 хектари. Округот Штраубинг од почетокот на годинава се смета за фаворит, затоа што е на рамномерна оддалеченост од трите фабрики на BMW во сојузната покраина Баварија. Покрај тоа, во местото Вакерсдорф, оддалечено 12 километри од Штраскирхен, BMW веќе има отворено логистички центар. Батериските ќелии ќе се набавуваат од CATL, од фабриката во Арнштат, Тирингија. Во Штраскирхен ќе се отворат 1.000 работни места.

Зошто граѓанската иницијатива е против фабриката?

Посебно за целите на протестот е оформена граѓанската иницијатива „Lebenswerter Gäuboden“ (за живот во регионот Гојбоден). Таа наведува два аргументи против неизградената фабрика: Уништувањето на плодната почва од којашто цела Баварија се снабдува со свеж зеленчук, како и сообраќајно оптоварување на местото со камионите до и од фабриката.

Право на гласање имаат 2.828 жителки и жители на Штраскирхен. Референдумот веќе е отпочнат, а службените резултати ќе бидат соопштени в недела, во советот на селото. Кутиите се затвораат во 18 часот, сé e исто какo на парламентарните избори.

Протестите почнаа уште пред шест месеци

https://youtu.be/lbsl-da10UU

Медиумите известуваат дека ситуацијата во селото е многу напната. Противниците за изградбата на фабриката веќе со недели се борат со сите средства против подржувачите. Двете групи се целосно разединети. Едната група цени дека е добро што во буџетот ќе има зголемен прилив од даноци и го поздравуваат тоа што гради BMW, значи домашна компанија.

Од друга страна, противниците гледаат по секоја цена да ја спречат изградбата. Двете групи водат војна на друштвените мрежи, се псуе, се испраќаат закани.

BMW нема да ги испраќа своите топ-менаџери да ги убедуваат селаните. Во местото веќе одамна има информативен пулт за идната фабрика, каде што стојат на располагање вработени во BMW.

Помладите повикуваат, „батерија место хистерија“

На селаните веќе одамна им се нуди и можност за пробно возење на електричните автомобили на BMW. Вработени во компанијата ќе присуствуват во селото и за време на гласањето. Сите се залагаат гласањето да има колку е можно поголем одзив.

Доколку рефедендумот покаже дека жителите се против изградбата, извесно е дека BMW, место во сопствената покраина, ќе гради надвор од Германија. Главната фабрика за Neue Klasse, за новата генерација електрични авотмобили на BMW, веќе се гради во Дебрецин, Унгарија. Мжно е да се гради и во Чешка.

Не се даваат прогнози за исходот од референдумот. По неодамнешното броење, можно е на крајот да реши една мала група, во корист на фабриката. Но, и натаму е неизвесно.

 

Претходна објаваОсум европски држави бараат да се ублажи нормата Еуро 7
Следна објаваНа Toyota RAV4 ниту светилка не ѝ прегоре на супертестот во auto motor und sport

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here