Lexus ќе го претвори главниот плоштад во Мадрид во уметничка галерија

Централниот плоштад во Мадрид, Плаза де Колон, во следниот месец ќе стане „извонредна улична галерија“ според замислата на Lexus, за својот нов модел LBX, што е развиен посебно за европскиот пазар, да го претстави пред шпанската и пошироко пред европската публика.

Луксузната марка на Toyota продолжува со организирање впечатливи настани во чест на стартот на продажбата на својот нов модел Lexus LBX. Откако летово во Милано го претстави моделот пред италијанската публика, во своевидна автоперална, следниот чекор е промоција во Шпанија. Тоа е дел од турнејата со компактниот модел во четири европски градови: Милано, Лондон, Мадрид и Мариз.

Идејата на маркетинг-мајсторите на Lexus е сцените од секојдневието да се направат посебни. Тоа е во согласност со идејата LBX да се понуди како модел со впечатлив дизајн, што прави градското секојдневие со автомобилот да биде посебно. Настаните во сите четири градови се инспирирани според моменти од секојдневието, коишто се прикажуваат во уметнички поставки.

Од 26-ти до 29-ти октомври, Плаза де Колон во Мадрид (Колон е вистинското презиме на Кристифор Колумбо, па затоа плоштадот е познат и како Плаза Колумбо) ќе биде „Извонредна улична галерија“. За таа цел ќе се користат неколку бродски контејнери, лакирани розово, за плоштадот по којшто жителите и туристите минуваат секојдневно, да го доживеат како уметничка галерија.

Lexus ангажира уметници од светски глас, меѓу кои архитектот и дизајнер на ентериери Фабиан Њигез и муралистката Лидиа Чао, коишто ќе ги прикажат квалитетите на Lexus LBX преку 3D сликарски платна.

Томасо Граси, директор за корисничко искуство и комуникација во Lexus Europe, коментира: „По Милано и Лондон, се радуваме што новиот LBX ќе го претставиме во срцето на Мадрид. Преку импресивна улична галерија, изведена со уметнички инсталации што го прикажуваат импресивниот стил и дизајн на LBX, ќе покажеме како нашиот најнов модел прави ‘Everyday Extraordinary’“.

Уметничката поставка во Милано беше изведена како авто-перална

Следно одредиште на новиот модел на Lexus ќе биде Париз, за каде што се подготвува уметничка поставка од 23-ти до 25-ти ноември. Тој настан ќе се одржи под мотото на „The Extraordinary Boulangerie”, сосем извесно на тема француска пекарница.

Претходна објаваNio лансира паметен телефон посебно за електрични автомобили
Следна објаваОсум европски држави бараат да се ублажи нормата Еуро 7

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here