Наспроти неодамнешните објави во медиумите, од SEAT кажуваат дека се посилн од кога било. Побарувачката за SEAT е на многу високо ниво и продажбата бележи пораст од 18%, достигнувајќи скоро 200.000 продадени возила.
Продажбата и побарувачката остануваат високи поради многу добриот сооднос цена-перформанси и модерен дизајн. Ова се должи на зголемувањето на нарачките и на фактот дека производството на SEAT се врати на нивоата пред пандемијата. Најбараните модели на SEAT, Ibiza, Aronа и Leon достигнуваат рекордна побарувачка.
Томас Шефер – извршен директор на Volkswagen, член на бордот на директори на Volkswagen Group, на својот LinkedIn профил, демантираше: „И покрај неточните информации што ги објавија некоии медиуми, брендот SEAT е посилен од било кога.“
SEAT S.A. продолжува да ја развива иднината на брендот SEAT. SEAT ќе продолжи да произведува plug-in хибриди и ефикасни мотори со внатрешно согорување во иднина – до крајот на производниот циклус на моторите со внатрешно согорување, според европските закони. Планирано е моделите SEAT Ibiza, Arona и Leon да добијат значителни промени и брендот во иднина ќе понуди нови можности за електрична мобилност.
















