Италија исплати масивни субвенции, а народот купуваше странски автомобили

Во следните година и пол до две, Фиат 500е ќе добие нова батерија, за италијанскиот градски автомобил да вози подолго со едно полнење, најави извршниот директор на концернот Стелантис, Карлос Тавареш.

Италијанските возачки и возачи потрошија 80 проценти од државните субвенции за купување електрични автомобили што ги исплаќаше Рим, за да купат автомобили што се произведени надвор од Италија.

Овој податок во средата го изнесе италијанскиот министер за индустрија, додавајќи дека владата треба да ја смени шемата според којашто се исплаќаат субвенциите за електрични автомобили.

Италија одобри во периодот од 2022 до 2024 година да се трошат по 650 милиони евра на годишно ниво, за на италијанските возачки и возачи да им се олесни да дојдат до електричен или хибриден автомобил.

Министерот за индустрија, Адолфо Урсо, кажа дека со ревизијата на рамката според којашто се одредуваат категоријата и висината на субвенциите, мора од една страна да се поттикне преоѓањето на возила што не ѝ наштетуваат на животната средина, но од друга страна мора да се внимава и на сопственото производство на автомобили во Италија.

„Балансот, досега, покажува дека 80 проценти од субвенциите биле потрошени за автомобили што се произведени во странство и се увезени во Италија,“ кажа Урсо во парламентот.

Ревизијата на субвенциите мора да биде дел од преговорите што владата во моментов ги води со концернот Stellantis, каде што припаѓа Fiat со своите домашни марки Alfa Romeo, Lancia и Maserati. Се работи на сеопфатен план за домашната автомобилска индустрија до 2030 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

Италија заостанува зад останатите големи држави во Европа во поглед на уделот на новорегистрирани автомобили со батериски електричен погон. Земјата досега го субвенционираше купувањето батериски електрични и приклучни хибридни автомобили, но исто така и на најновите модели со мотор со внатрешно согорување.

Урсо посочи дека во земјата и натаму кружат повеќе од 11 милиони автомобили што загадуваат.

„Мораме да реагираме“, кажа министерот.

Франција се соочи со сличен проблем, исплаќајќи им на купувачите субвенција во висина од 5.000 евра за електрични автомобили, под услов цената да не надминува 47.000 евра и тежината да биде до 2,4 тони. Tesla неодамна ја спушти цената за својата лимузина Model 3 и за СУВ-варијантата Model Y, за двата модели да бидат опфатени со субвенцијата. Тоа предизвика негодување на јавноста, со критики дека парите од француиските даночни обврзници се користат за да се поттикне продажбата на странски марки.

Претходна објаваJeep Wrangler брои пет милиони продадени примероци
Следна објаваSeat демантира дека ќе престане со производство на автомобили од марката

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here