Во серијa од само три примероци, ова ќе биде еден од најретките досега произведени модели на Toyota. Серијата „100 Edition“ е верзија на тркачката GR Supra GT4 EVO, наменета за колекционери и погодна за „track day“.
Toyota досега има испорачано сто примероци од својата GR Cupra GT4, којашто е наменета за приватни тркачи во GT-сериите ширум светот. По тој повод е изработена посебна серија „100 Edition“, исто така наменета за тркачка патека. Само по еден автомобил ќе се испорача на клиент во Европа, во Северна Америка и во Азија.
Каросеријата е екслузивно лакирана во плазма-портокалова боја, истата боја што ја носи и серијата GR Supra “GT4 100th Edition Tribute”, којашто сепак е наменета за возење по јавен патишта. Продажбата на „Tribute“ во Еворпа ќе стартува кон завршетокот на годинава.
Моделот од строго ограничената серија „100 Edition“ не е хомологиран за GT4 и според тоа може да се користи единствено за возење по тркачка патека заради „забава“. Основата е GR Supra GT4 EVO со 450 КС, усовршена верзија на моделот што дебитираше годинава.
Во спооредба со тркачкиот модел „100 Edition“ има подолг отвор на хаубата и пошироки спојлери напред, заради зголемување на потисокот врз предната оска.
Вграден е посебен издувен систем, без придушувач, со функција да направи уживањето во звукот на трилитарскиот турбо 6-цилиндарец да биде уште поголемо.

Капите на ретровизорите се од карбон, вградени се светла со диодни светилки со моќност како за Леман, а има и совозачко седиште. На двете седишта се наоѓа лого „100 Edition“, а ексклузивноста на моделот ја покажува и беџот на арматурната табла. Toyota додава и прекривка за Supra да биде заштитена од прашина и нечистотија, додека се чека следното излегување на тркачка патека.
Toyota Yaris 1.0 Light во онлајн-каталогот за сите нови автомобили на македонскиот пазар АВТОСАЛОН.МК, со сите технички податоци, опрема, цена, споредба со други модели
Цената на GR Supra GT4 „100 Edition“, којашто се води како модел на тркачкото одделение Toyota Gazoo Racing, изнесува 200.000 евра, без даноци и транспортни трошоци.
Од почетокот на сезоната, GR Supra GT4 имаат учествувано на повеќе од 300 трки, со постигнати 43 победи во класа и 125 качувања на подиумот.
















