Во Минхен се одржа конференција за синтетски горива, учествуваa 70 држави

Германскиот сојузен министер за сообраќај др. Фолкер Висинг вчера покани на 1-та интернационална конференција за е-горива. На настанот во предвечерието на салонот ИАА Мобилити во Минхен присуствуваа претставници од преку 70 држави, од индустријата, здруженијата, како и од политиката.

Бензинот и дизелот што се произведуваат без користење сурова нафта од фосилно потекло првпат се најдоа во центарот на вниманието на светската политика. На вчерашната конференција во Минхен, еден ден пред официјалното отворање на салонот ИАА во Минхен, се зборуваше за е-горивата побрзо да се воведат во продажба.

„eFuels се неизоставна технологија за постигнување на климатските цели. Поканата од министрите на сообраќај на Г7, на Европската Унија и од цел свет се однесува на предизвикот со којшто светот мора да се соочи во борбата против климатските промени“, кажа др. Моника Грифан, претседателка на eFuel Alliance.

Повеќе од 40 подржувачи го ставија својот потпис на каталогот со барања во рамките на конференцијата за е-горива:

  • Воведување во продажба и асистирање за да се надмине недостатокот на прв понудувач (First-Mover-Disadvantage), како и отворање на пристап за приватни инвестиции во е-горива и одржливи биогорива;
  • Развој на светски пазар и создавање енергетски здруженија. Тука се поставуваат и јасни барања за одржливост и фер работни услови во земјите извознички;
  • Обезбедување широка основа на побарувачка;
  • Јасен пат за фосилните горива во цел свет да бидат оптоварени со давачки за СО2;

„Во целиот свет расте свесноста дека не ни се потребни само електрони, туку и течни и гасовидни молекули, за навистина да бидеме климатски неутрални. Во исто време, политиката не поставува само цели, туку во зголемен обем воведува конкретни стратегии, планови и мерки, за да се овозможи производството. Тоа не важи само за ЕУ, туку и за земји како на пример Чиле, Намибија, Австралија, Јапонија, а посебно за САД и за нивниот акт за намалување на инфлкацијата“, оценува Ралф Ример, директор на eFuel Alliance.

Комисијата на ЕУ се очекува во ноември да излезе со предлог за возилата со мотор со внатрешно согорување да може да се регистрираат и по 2035 година, доколку во нив се користат синтетски горива, односно е-горива.

Инвеститорите што ќе придонесат да се зголеми производството може да се привлечат само доколку постои долгорочно осигурен пазар за продажба на овие горива
Елмар Кин, директор на UNITI

Во Германија во моментов се работи на даночни повластици за е-горива, за што се залагаат eFuel Alliance и UNITI. Сојузниот министер за финансии Кристијан Линдер уште есенва планира да излезе со предлог закон. Даноците за енергија и ДДВ-то за моторните горива мора да се раководат според емисијата на СО2, место како досега според енергетскиот капацитет. „Доколку се оствари планот, и данокот за моторни возила, службените возила и трговските даноци не се плаќаат за возила што користат е-горива, првпат ќе постигнеме рамноправност меѓу горивата што се неутрални во поглед на емсијата на СО2 и батериските електрични возила“, порачува Ралф Димер, директор на eFuel Alliance.

Претходна објаваХипнотизира со комфорот: Citroen C5 X во специјална серија Hypnos
Следна објаваToyota Hilux и тоа го умее: Вози на водород

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here