BYD се надева на продажба од 3 милиони возила и покрај слабеењето на Кина

БИД Ато 3

Кинескиот производител BYD е убеден дека годинава ќе продаде 3 милиони автомобили и покрај економските предизвици и жестоката ценовна војна, во втората најмоќна економија на планетава. Тоа пред аналитичарите го изјавил основачот и претседател Ванг Чуанфу, на посебно организиран настан.

Најпродаваната кинеска автомобилска марка исто така даде силни сигнали дека дебелиот профит ќе остане и во втората половина од годинава. Тоа уште повеќе ќе ја зајакне компанијата, кажуваат лица што присуствувале на настанот, меѓутоа сакаат да останат анонимни, затоа што станува збор за приватен настан.

Кинескиот производител во понеделникот сооошти дека постигнал зголемување на профитот во вториот квартал од 145 проценти, на 6,8 милијарди јуани, што соодвествува на 934 милиони долари. Прометот исто така пораснал на 140 милијарди јуани, откако во вториот квартал беше продаден рекорден број автомобили.

Ценовната војна на отпочна Tesla, откако во јануари настапи со зналителни попусти и ги стави под притисок останатите производители на електрични возила во Кина.

Конкутентите Xpeng и Nio месецов известија дека загубата во вториот квартал им била повисока од процените.

BYD, сепак, одби да се придружи во ценовната војна, и место тоа продолжи да се потпира на својата широка понуда од модели и на висока противвредност којашто ги привлекува купувачите.

Производителот на електрични автомобили што ужива поддршка од американскиот магнат Ворен Бафет, до јули продаде 1,5 милион целосно електрични и приклучни хибридни модели. Тоа е точно една половина од очекуваната продажба за годинава.

 

Претходна објаваKodiaq No.2 & Superb No.4 : На овој кокпит му се познава дека е Škoda
Следна објаваAlfa Romeo од милион евра се распродава една година однапред

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here