Главните новини во кокпитот на Škoda Kodiaq и на лимузината Superb се т.н. паметни инструменти. Станува збор за три вртливи и притискачки копчиња во средишната конзола, на коишто се наоѓаат дисплеи што ја менуваат содржината. Тоа може да биде многу интересно.
Чесите ветуваат просторност, комфор и контрола во новата генерација на Kodiaq и на лимузината Superb. Бидејќи тоа се нешта што не може да се покажат на слика, Škoda сега ги покажува главните видливи новини во својата најпретставителна двојка модели.
Škoda Smart Dials се три вртливи и притискачки копчиња со дисплеи (32 mm) на нив, чијашто функција може да се менува по желба и потреба. Тие се наоѓаат во средишната конзола, веднаш под дисплејот за инфо-забавните функции од 13 инчи. Дисплејот, патем, по пример, на Octavia, одвоен е од кокпитот.
Уште една суштинска промена е преместувањето на бирачот за возење од десната страна на управувачкиот столб. Така се добива чист кокпит што оддава просторност и нуди практичен простор за одлагање.
Идејата со Škoda Smart Dials потсеќа на i-Toggles кај Peugeot 308, меѓутоа станува збор за сосем друг начин на нејзина реализација.
Бидејќи браншата се движи во насока на одржливост на животната средина и ограничување на климатските промени, важно е тоа што во новите Kodiaq и Superb се користат облоги за седиштата, што целосно се изработени од рециклиран полиестер.

На фотографиите што ги објави Млада Болеслав, со конечниот изглед на кокпитот на двата нови модели, се забележуваат промени и во воланите, во дигиталните инструменти, во формата на арматурната табла, како и во дизајнот на материјалите.
Škoda честопати го спомнува и проекцискиот дисплеј, што се надополнува со дигиталните инструменти од 10 инчи. Тоа ќе биде интересно да се открие, зошто оваа ставка се спомнува толку гордо.
Како дејствуваат трите копчиња со дисплеи на нив
Посебно привлекуваат интерес Škoda Smart Dials. Чешката марка настојува при развојот на своите модели да го соедини физичкиот и дигиталниот начин на ракување. Секое од трите копчиња под средишниот дисплеј, се притиска, се врти и на него има дисплеј од 32 милиметри. Надворешните две копчиња служат за контрола на температурата, за греењето и вентилацијата на седиштата (зависно од нивото на опрема).
Средишното дисплеј-копче може да има до четири различни функции: Силина на звук, брзина на вентилација, насока на дување, паметни функции на клима, режим на возење и зумирање на мапата за навигација. Ова копче се конфигурира преку мени во средишниот дисплеј, а од една во друга функција се преоѓа со притискање на истото.
Безжичниот полнач за телефон е посилен и работи со 15 вати, што значи дека и полнењето ќе биде покусо. Во Kodiaq ќе може да се полнат два телефони – во комбинација со активно ладење.
Четирите приклучоци USB-C располагаат со вкупно 45 W, вклучувајќи и приклочок во внатрешниот ретровизор. Во Kodiaq ќе бидат на располагање ергономски седишта со пневматска функција за масажа.
Патниците на задната клупа ќе имаат простор за разладување пијалок во средишната конзола.
Како што тоа станува тренд во браншата, нивоата на опрема стануваат дизајнерски изведби. Во Kodiaq и Superb ќе може да се избира меѓу Loft, Lounge и ecoSuite во црна или коњак боја, со платно од 100% рециклиран полиестер. За кожата во ecoSuite Design Selection се користи еко-погодна постапка на штавење, со користење остатоци од зрна кафе.
















