Најновиот проект на Fiat на домашен терен е спојување на заинтересираните купувачи на електричен „500“ со тие што веќе го користат автомобилот. Идејата е можните идни возачки и возачи на електричната Fiat Nuova 500 да се охрабрат за изборот, слушајќи ги искуствата на тие што веќе го имаат автомобилот.
Новата програма на најиталијанската од сите марки се води како „FIAT 500 E-LOVERS“ и наменета е за сите што се интересираат за електричен автомобил, како и за тие што сакаат со своите искуства да им помогнат на намерниците при изборот на автомобил на струја.
Бидејќи тоа е Италија и во името стои „Lovers“, многу е веројатно дека возачки на Fiat Nuova 500 ќе добиваат барања за да ги споделат своите искуства со заинтересирани возачи. И обратно, како што е ред.
Во оваа најнова генијална замисла на марката од Торино, сопствениците на Fiat Nuova 500 се наоѓаат во улога на амбасадори. Тие директно посредуваат Fiat да добие нови клиенти, а помагаат и во возвишената цел, да се спаси планетата од натамошно затоплување.
Целата замисла е во тоа што сопственици на Fiat Nuova 500 можат преку посебен вебсајт да се пријават за амбасадори на „FIAT 500 E-LOVERS“ и да го понудат своето време и волја, за на заинтересираните купувачи на е-чинквеченто да им помогнат да решат околу изборот.
View this post on Instagram
Овие амбасадори/ки преку истиот вебсајт добиваат барање од идните можни возачки и возачи на Fiat Nuova 500, што се пријавени на „500 e-lovers“, да кажат колку се задоволни и среќни од изборот.
Врската до италијанскиот вебсајт на Fiat 500 e-Lovers
https://www.fiat-ambassador.com/it
Бидејќи светот не се темели секогаш на добра волја, туку и на интерес, за најуспешните амбасадори на Fiat Nuova 500 е планирана награда во вид на вредносен ваучер. Според Торино, месечно може да се „заработат“ до 300 евра, со тоа што ваучерите треба да се потрошат во Fiat или во мрежата на партнери на италијанската марка.
Сите модели на Fiat во нашиот онлајн-каталог АВТОСАЛОН.МК
https://avtosalon.mk/inventory/?marka=fiat
















