Стоејќи на подигната платформа и заштитена од „машината за молњи“ само од оклоп составен од метални прстени, како своевиден фарадеев кафез за безбедно да ја спроведува струјата околу нејзиното тело, Џоди Кид ја контролираше струјата со врвовите на прстите и исфрлаше молњи од своите дланки.
„Молскавичните“ фотографии потоа беа комбинирани со кадри од Џоди во футуристички изглед. На тој начин електричниот седумсед EV9, новиот знаменосец на Kia, го доживеа своето прво појавување пред британската јавност.
Освен во димензиите, Kia EV9 има „вишок“ и од гледиште на технологијата. Со 800-волтна архитектура и можност за користење брзи полначи, огромниот кросовер за помалку од 30 минути на полнач е подготвен за патувања долги и по 500 километри.
Посебност на електричната деветка на Kia претставува можноста да се приклучи како било потрошувач, што ќе се напојува со струја директно од батеријата на техно-кросоверот.
Посебно за почетокот на продажбата во земјата, британскиот огранок на Kia спроведе истражување, коешто покажа дека 26 проценти од родителите добиваат охрабрување да изберат електричен автомобил токму од своите деца.
Повеќе од една третина од тие родители (36%) ценат дека тоа се должи на учењето за проблемите во животната средина, додека 35 проценти целат дека нивните деца го сакаат тоа зашто сметаат дека е кул. Една третина од родителите веруваат дека врз децата влијаеле нивните омилени тв-емисии и јутјуберите.
Можеш да ја користиш за да зовриеш вода и да си починеш за убава шолја чај!
вели Џоди Кид, за можноста Kia EV9 да биде извор на струја
Џоди Кид по снимањето изјави: „Тоа беше едно од најзастрашувачките нешта што ги имам направено во животот – но, во исто време беше и исклучително искуство. Малкумина можат да кажат дека милион волти минале низ нивото тело и можеле да фрлаат молњи од своите прсти!“
Моделката и самата е родител и знае „колку животната средина е важна за идната генерација“. Сум имала бројни разговори со мојот син Индио, што да направиме за да живееме на поодржлив начин – вклучувајќи и купување електричен автомобил.“
















