Tesla со уште едно поевтинување во Кина

Tesla ги намали цените за изведбите на својот Model Y со продолжен досег и со високи перформанси. Промените важат од 14-ти август, се наведува во соопштението од американската компанија за електрични автомобили.

Пионерот на електричниот погон ги намали цените за двете врвни изведби на Model Y за 14.000 јуани, што одговара на близу 2.000 долари. Верзијата со продолжен досег, Model Y Long Range, сега стартува од 299.900 јуани, што е за 4,5 проценти помалку од претходно. Цената за основната изведба на Model Y со високи перформанси сега е спуштена на 349.900 јуани, што е за 3,8 проценти помалку.

Во истото соопштение, Tesla наведува дека на кинеските купувачи ќе им понуди и повластени тарифи за осигурување, со попуст од 8.000 јуани за Model 3 во основната изведба, со заден погон, коишто компанијата ги има во залиха. Попустот ќе важи меѓу 14-ти август и 30-ти септември.

Извршниот директор Илон Маск во минатиот месец кажа дека е можно да се случуваат натамошни поевтинувања на автомобилите на Tesla, иако со тоа значително се скусува заработката на американската компанија.

Од завршеткот на минатата година, Tesla неколкупати ги скуси цените во САД, Кина и на другите пазари. Покрај тоа, беа воведени и посебни попусти и други повластици со цел да се намалат залихите од возила. Сето тоа се прави во обид компанијата да се одбрани од нападите од конкуренцијата и како предострожност во услови на економска неизвесност.

Продажбата на возилата на Tesla произведени во Кина, во јули беше намалена за 31 проценти во споредба со јуни. Тоа е прво намалување од месец за месец годинава.

Марката Zeekr, којашто припаѓа на групацијата Geely, во минатата недела ги скуси цените за 37.000 јуани, додека Leapmotor Technologies, дел од Zhejiang, во почетокот на месецов ги намали цените за 20.000 јуани.

Tesla ја започна ценовната војна, со првиот круг намалувања кон завршетокот на минатата година. Потоа следеше уште едно големо скусување на цените во јануари, кога автомобилите на Tesla од локално производство станаа поевтини за вкупно 14 проценти во споредба со лани. Во некои случаи, електричните автомобили на Tesla станаа поевтини и до 50 проценти отколку во САД и Европа.

„Натпреварувањето со цените беше и ќе остане тековна тема на кинескиот автомобилски пазр“, предвидува Џоана Чен, аналитичарка за автомобили во Блумберг. „Tesla се обидува да го задржи волуменот, откако забавената продажба во јули покажа дека се намалил бројот на нарачки, во отсуство  на нови модели што ќе ги привлечат кинеските купувачи“.

Продажбата на автообили со „нова енергија“ во јули беше намналена во споредба со јуни, иако продажбата се префрли главно на големите играчи од ковот на BYD, Li Auto и Nio, кои пријавија рекордни продажби.

Во меѓувреме извозевме уште една возбудлива и поучна тура со електричната Toyota bZ4X

Претходна објава3000 километри со електрична Toyota bZ4X низ Македонија: Градската тура
Следна објаваЏоди Кид под напон од милион волти за лансирањето на Kia EV9

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here