Електрични во Германија: Volkswagen ја престигна Tesla

Смена на чело на пазарот на електрични автомобили во „автонацијата“, Германија. Volkswagen си ја врати водечката позиција од Tesla. Со регистрирани 41.475 нови автомобили во првите седум месеци од годината, марката од Волфсбург повторно е во предност пред американскиот конкурент, којшто продаде 40.289 патнички автомобили. На завршетокот на првото полугодие, исто како и во цела 2022 година, Tesla беше во предност.

Моделот што придонесе за вагата да натежне на страната на Volkswagen е новиот ID.Buzz, чијашто продажба се очекува да продолжи да расте. Во целото прво полугодие беа регистрирани 2.279 примероци од електричниот транспортер, но затоа во јули беа постигнати 536 нови регистрации.

Најпродаван модел, со голема предност, останува Volkswagen ID.4, заедно со неговата спортска изведба ID.5. Во првите седум месеци, овие два модели заедно достигнале 22.405 регистрации. Потоа следи ID.3 со 13.647 примероци. Дури и од „вечниот модел“ VW Up уште се продаваат по 2.943 примероци. Oстанатите модели на Volkswagen се приклучуваат со уште 198 возила.

Кај Tesla е јасна доминацијата на Model Y. Со регистрирани 29.829 возила, СУВ-моделот од средна класа е во голема предност пред лимузинската изведба Model 3, од којашто се регистрирани 9.045 возила. Поголемите модели од првата генерација, Model S (855 возила) и Model X (494 возила) практично се незабележливи на германскиот пазар.

Трета на листата на марки што продаваат најмногу електрични возила е Mercedes

На третото место во периодот од јануари до јули се наоѓа Mercedes со 20.613 регистрирани возила. Најголема побарувачка владее за EQA, од којшто се регистрирани 7.813 примероци.

По Mercedes следи Audi со 16.786 регистрирани електрични возила, а премиум триото го дополнува BMW со 15.987 регистрирани возила.

Fiat постигнува чуда со само еден модел, со електричната Nuova 500, со 11.159 регистрирани возила до јули.

Во Германија во првите седум месеци биле новорегистрирани 268.926 патнички автомобили со батериски електричен погон. Автомобилите со мотори со внатрешно согорување се далеку понапред, со 1,64 милион регистрирани примероци.

[the_ad id=”73735″]

Во меѓувреме се јавуваат и Кинезите, германскиот пазар покажа солиден интерес за Ora Funky Cat, модел од концернот Great Wall, којшто кај нас е повеќе познат со СУВ-марката Haval. Од електричниот компакт во класата на VW ID.3, до јули биле регистрирани 831 возила. BYD, светскиот лидер во електрични возила, во Германија испорачал 632 возила до јули.

Ora Funky Cat

Меѓу останатите интересни појави се Polestar, електричната сестринска марка на Volvo, со продадени 4210 возила до јули. Исто и Lynk, уште една марка од концернот Geely, каде што припаѓа Volvo, до јули испорачала 1.878 возила. Нивните автомобили се достапни главно преку модел на месечна претплата. Smart, уште една марка на кинескиот Geely, за седум месеци продала 2.510 примероци од својот #1.

Претходна објаваРекордно полугодие за Lamborghini, Revuelto распродаден до 2025
Следна објаваНаука според Fiat: Возачите се најсреќни во кабриолет

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here