Домашниот пазар во јуни: Renault Clio прв, Kia Sportage кон врвот, Corolla бестселер

На македонскиот пазар во јуни се продадоа 431 патнички автомобили и 34 доставни возила. Најпродавана марка во месецот е Skoda, најпродаван модел Renault Clio. Од јануари до јуни, македонските возачки и возачи најчесто се решаваа за Toyota Corolla.

Вкупно 465 нови патнички автомобили и доставни возила се продадени на македонскиот пазар во јуни, што е за 15,3 проценти помалку во споредба со истиот месец лани. За шест месеци, возачките и возачите седнале зад волан на вкупно 2.730 нови возила или за 4,5 проценти помалку од првото полугодие во 2022 година.

Првото место во продажбата во јуни му припаѓа на Renault Clio со 21 возило. Францускиот модел беше на третото место во мај. Ако се земе предвид дека со 117 продадени возила до јуни, Clio е втор најпродаван модел, тоа може да се цени како сигурно враќање на добро одомаќениот модел на Renault меѓу најпродаваните автомобили на нашиот пазар.

Првопласираниот модел во мај, Volkswagen Polo, во минатиот месец се најде на 4-то место, каде што го дели местото со полугодишната шампионка Toyota Corolla, со 17 продадени возила. На подолг рок, по првото полугодие, предноста сепак ѝ припаѓа на евергрин-лимузината, со 139 продадени возила. Повеќе од тоа нема продадено од ниту еден модел годинава.

Тоа би можело да се нарече убаво изненадување, доколку не стануваше збор за Kia Sportage, на којашто ѝ е природно да биде на врвот во продажбата на македонскиот пазар. По кусата „пауза“ во мај, кога Sportage дури пропушти пласман во Топ 10 – затоа што обезбедените слотови во производството се „потрошија“ порано отколку што имаше предвидено менаџментот – Kia во јуни се врати високо, на 2-то место, со испорачани точно 20 примероци.

За шест месеци, Kia Sportage е 4-ти најпродаван модел на македонскиот пазар со 114 примероци, само едно возило помалку од Volkswagen Polo (115), и по Clio (117) и Corolla (139 возила). Водечката петорка ја заокружува уште еден модел со шампионско минато, но и со голем потенцијал за допрво да направи пазарен бум, затоа што наскоро следи воведување на новата генерација – и можност за големи повластици кај тековниот модел: Станува збор за Citroen C3, со 15 возила во јуни, односно 95 во првите шест месеци.

Dacia Duster исто така се пријавува во трка и во јуни беше испорачана во 18 примероци. Статистиката (неофицијална) не наведува колку возила се продадени до јуни.

По два модели на Skoda, што го делат шестото место со Citroen C3 – Skoda Fabia и Skoda Kamiq – повторно следи уште еден модел на Citroen. Тоа може да се должи на вешто организираните Easy Days (денови на салонски попусти), но може да биде и најава за претстојниот пробив на ова име, што со генерации е познато и ценето на македонската сцена – Citroen C4. Францускиот кросовер постигна 13 продажби во јуни.

Еден сосем необичен, но крајно корисен тест што го направивме во Скопје лани

Исто толку продажби има и Dacia Logan. Листата ја заокружуваат Skoda Scala, со 12 продадени примероци во јуни и 84 до јуни. Потоа следи уште едно уверување за чудната судбина на Hyundai Tucson, да мора да заостанува со близу половина зад продажбата на сестринскиот модел Kia Sportage. Само 5 возила во јуни, односно вкупно 73 годинава. Исто и MG привршува со испораките на нарачните возила за такси служби, па се пријавени само пет продадени возила.

[the_ad id=”73735″]

Продажната статистика е неофицијална, затоа што недостигаат податоците за повеќе марки, вклучувајќи ги Peugeot, Opel и Suzuki, но и премиум марките, коишто во овие вонредни времиња секако дека ќе се случеше одвреме навреме да се појават со свој модел меѓу Топ 10.

Најпродавани модели на македонскиот пазар во јуни 2023

Место Модел Јуни ’23
1 Renault Clio 21
2 Kia Sportage 20
3 Dacia Duster 18
4 Toyota Corolla 17
4 VW Polo 17
6 Citroen C3 15
6 Skoda Kamiq 15
6 Skoda Fabia 15
9 Citroen C4 13
9 Dacia Logan 13
n/a Skoda Scala 12
n/a Hyundai Tucson 5
n/a MG ZS 5

Претходна објаваАуто Билд повикува на гласање за Златен Волан, награда автомобил
Следна објаваTesla мамела за досегот на своите автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here