
Volkswagen, неговата сестринска марка Audi, модели со хибриден и елеткричен погон, тоа се големите победници во првото полугодие на британскиот пазар, каде што продажбата порасна за 18 проценти.
Volkswagen е најпродавана марка во Обединетото Кралство во првото полугодие, откако ја зголеми продажбата за дури 42 проценти во споредба со лани. Најголема заслуга за тоа има кросоверот T-Roc, којшто својот пазар го зголеми за 196 проценти. На тоа се надоврза и традиционалниот СУВ-модел Tiguan, со раст од 65 проценти. Кај Golf, продажбата напредуваше шест проценти.
Премиум марката Audi следи веднаш на третото место, со раст од 27 проценти, веднаш зад Ford.
Најпродавани модели на Audi се компактот A3, чијшто пазар се зголеми за 64 проценти и се избори за 11-то место меѓу најпродаваните модели во земјата. Втор по продажба е градскиот модел A1, со раст од дури 337 проценти во споредба со лани.
Пазарот на модели со хибриден погон порасна за 21 процент, на 62.155 продадени возила во првото полугодие. За тој резултат имаат удел и моделите со приклучен хибриден погон на Land Rover. Теренскиот и благороднички специјалист го престигна BMW во продажбата на модели со приклучен хибриден погон во Кралството.

За шест месеци, Land Rover продаде 8.682 плагин-хибриди, што соодветствува на 14 проценти пазарен удел. Топ модел е верзијата со приклучен хибриден погон на Evoque, со 3.099 продадени примероци од јануари до јуни.
Најпродавани марки во Обединетото Кралство во првото полугодие
| 1 | VW | 79,621 | 42% |
|---|---|---|---|
| 2 | Ford | 72,428 | 19% |
| 3 | Audi | 68,120 | 27% |
| 4 | Kia | 58,760 | 2.3% |
| 5 | Toyota | 56,045 | 12% |
| 6 | BMW | 52,275 | −2.3% |
| 7 | Vauxhall | 49,505 | 3.6% |
| 8 | Hyundai | 46,351 | 13% |
| 9 | Nissan | 45,309 | 45% |
| 10 | Mercedes | 42,780 | −6.6% |















