Renault го замени Лорен Роси на местото на извршен директор на спортската марка Alpine, којашто се натпреварува во Формула 1. Новиот шеф има работено и за Ferrari.
Роси ќе се посвети на „специјални проекти што се поврзуваат со трансформацијата на групацијата“, објавија од Renault. Филип Криф досега раководеше со инженерингот и со перформансите на моделите.
Французинот претходно има работено во Ferrari на местото на директор за инженеринг, а во својата кариера бил на одгговорни функции и во Fiаt и Maserati.
Криф ќе продолжи да ги извршува своите должности како шеф за инженеринг и за перформансите на моделите, пред да биде избран неговиот наследник.
„Alpine е подготвен да влезе во нова фаза од својот развој и да стане марка на иднината“, изјави извршниот директор на групацијата Renault, Лука де Мео.
Alpine во почетокот на месецов ги објави промените во својот раководителски тим. Бруно Фамен ја презема целата одговорност за активностите во мотоспортот, вклучувајќи го тимот во формула 1, како и трките во издржливост.
Отмар Шафнауер, директор на тимот на Alpine во формула 1, со седиште во Британија, ќе му рапортира на Фамен, а тој пак директно одговараше пред Роси.
Роси то привлече вниманието на сцената кон тимот на Alpine во формула 1, кога во мај предупреди дека ќе направи промени пред завршетокот на сезоната, доколку не се подобрат перформансите, и кажа дека одговорноста за тоа е кај Шафнауер.
















