Dacia подготвена да одговори на кинеската инвазија

Продажбата на Dacia се зголеми за 24 проценти во првите шест месеци, но во буџет марката на групацијата Renault се подготвуваат за евентуалниот пад во продажбата, како и за заканата од евтиниот кинески увоз на марки од ковот на MG & Co.

До завршетокот на јуни, Dacia продаде 345.432 возила, објави денес шефот за продажба Ксавиер Мартине. Најмногу напредувале компактниот кросовер Jogger, со продажба зголемена за 130 проценти во споредба со лани), потоа електричното мини Spring (+38%), што се произведува во Кина, компактниот СУВ-модел Duster (+13%) и шампионскиот Sandero (+24 проценти).

Во Европа, продажбата напредувала за 30 проценти, во услови кога целиот пазар забележа раст од 18 проценти. Марката го зголеми својот пазарен удел за 0,4 процентен бод и сега држи 4,5 проценти од пазарот.

Dacia лани го освежи имиџот со ново лого и со ставање нагласок на авантурата на отворено – Романците дури планираат во 2025 година да се пуштат на рели Дакар. Марката што е голема гордост на Renault Group, бара начини да ја зголеми просечната продажна цена на своите возила, со воведување поскапи моделски изведби. Пример за тоа е хибридната погонска изведба во гамата на Jogger, како и воведувањето поскапи нивоа на опременост, како што е нивото Extreme.

Dacia Spring electric ќе се нуди како рентакар во Франција

Мартине објави дека просечната продажна цена на модел на Dacia во Европа изнесувала околу 17.500 евра. Тојо исто така посочи и дека 70 проценти од купувалите се решиле за највисоките нивоа на опременост.

„Ценам дека од оваа економска криза можеме да излеземе посилни отколку останатите марки“, кажа Ксавиер Мартине, директор за продажба и маркетинг во Dacia.

Извршниот директор на групацијата Renault, Лука де Мео, постави цел за оперативната маржа на Dacia да достигне 15 проценти до 2030 година. Марката во моментов работи со маржа од 10 проценти. Renault во 1999 презеде контролен дел во романскта марка, којашто под лиценца произведуваше модели на Renault уште од 1960-те години.

Dacia речиси во целост ја постигнува продажбата на пазарот на приватни купувачи, а помалку продава возила на фирми и на рентакар компании. Во првата половина од годината, Dacia беше втора најпродавана марка на пазарот на приватни купувачи во Европа, веднаш зад VW. Уделот на Dacia на приватниот пазар изнесува 8,4 проценти, што е историски рекорд.

Dacia ќе стартува на рели Дакар во 2025 година, користејќи синтетски горива

Мартине напомена дека напредокот во продажбата во дел се темели на подобрувањето во снабдувањето со делови, како и постојаното заздравување од последиците од корона вирусот врз продажбата на возила. Тој сепак посочи и дека проблемите во логистиката, коишто започнаа во втората половина од 2022 година, уште предизвикуваат доцнење во испораките, посебно во Франција и Италија.

Ситуацијата во логистиката „се смени од многу лоша, во лоша“, објаснува Мартине. „Сите се борат за да дојдат до слободни камиони, возови и возачи, така што ситуацијата е мошне сложена.“

Dacia Jogger Hybrid 140 стартува од околу 25.000 евра, со што тој е најскапиот модел во гамата на романската марка во групацијата Renault.

Директорот кажа дека нарачките забавиле во последните месеци, поради економската неизвесност. Тој како причини ги наведе обновените нагодувања околу ратите на недвижнините во Англија, како и неповолните курсеви за странски валути во некои држави. Dacia сепак нема да ги намалува цените.

Место тоа, Dacia ќе одговори на евентуалниот пад во побарувачката преку зафати во продукцијата. Фабриките во Романија и Мароко работат под полн капацитет, во три смени, шест денови во неделата. „Нашата стратегија секогаш беше да произведеме еден автомобил помалку отколку што бара пазарот“, кажува Мартине.

Dacia Bigster

Тој гледа простор за Dacia да продолжи да го зголемува својот пазарен удел. „Ценам дека од оваа економска криза можеме да излеземе посилни од останатите марки“, додаде директорот, напоменувајќи дека просечната продажна цена на Dacia е околу половина од европскиот просек што се движи меѓу 35.000 и 38.000 евра.

Мартине објасни, дека дури и покрај тоа што Dacia лансираше поскапи модели, цените останаа околу 12 проценти под конкуренциајта. Во 2019 година, вредноста беше 25 проценти.

Dacia за в година подготвува целосно нова генерација на својот хит-модел Duster. Новиот СУВ ќе се базира врз платформата CMF-B на алијансата Renault-Nissan.

„Го намаливме ценовниот јаз во однос на конкурентите за 50 проценти; тоа беше планот“, кажува Мартине. „Тоа покажа дека марката станува сé попривлечна за купувачите.“ Доколку јазот е преголем, купувачите ќе ја земаат предвид Dacia само поради пониската цена, објаснува директорот. Но, зголемувањето на продажбата со помала ценовна предност во однос на ривалите, значи дека сега противвредноста станува важен аргумент при изборот.

„Доколку на клиентот му нудите само цена, лесно може да бидете наддадени“, кажува Мартине, посочувајќи на заканата од евтините кинески марки, како MG.

„Тие доаѓаат со мошне силни понуди, посебно кај електричните автомобили“, објаснува шефот. „Имаме многу карти за играње, вклучувајќи го новиот Duster за в година, којшто марката ќе ја постави на ново рамниште.“

Друг важен модел е Bigster, СУВ што ќе се темели врз продолжената верзија на платформата од Duster. Тоа ќе биде знаменосецот на марката и најскап модел во нивната понуда.

Претходна објаваTesla Model Y најпродаван модел во јуни и во првото полугодие
Следна објаваJeep ги додава бензинските изведби на Avenger во Германија, Франција, Англија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here