Највредниот трофеј во голфот донесен со највизионерскиот Mercedes

Победникот на The Open, најстариот турнир во голф во светот, верно на досегашната традиција го донесе трофејот познат како „Claret Jug“ на годинешниот турнир, што се одржува до 23-ти јули.

Mercedes-Benz во улога на официјален патрон и официјалчен автомобил го покрива забележаниот настан во голф-спортот со возен парк од преку 100 возила. Голферите, службените лица и важните гости се превезуваат во ексклузивни модели на Mercedes-Benz за време на турнирот.

Амбасадорот на марката и моментно трет на светската ранг листа, Џон Рам, се вбројува меѓу фаворитите на турнирот.

Со 151-то издание на The Open, најстариот турнир во голф во светот се врати во престижниот комплекс Ројал Ливерпул во Хојлејк. Единствениот од четирите главни натпревари што се одржува надвор од САД, годинава се одржува од 16-ти до 23-ти јули на познатиот Линкс во близина на Ливерпул. Елитата на голфот по 13-ти пат гостува на теренот. Mercedes-Benz досега 12-пати го придружуваше турнирот, како официален партнер на организаторот The R&A.

Неделата на турнирот започна со впечатлив чин, со „Return of the Claret Jug”, со враќањето на трофејот. Традиционално, ланскиот победник го донесува трофејот на претстојниот турнир и свечено го предава на извршниот директор на The R&A, Мартин Сламберс. Возилото со коешто пристигна „Claret Jug” исто така е исклучителна појава, тоа е уникатниот Mercedes-Benz VISION EQXX.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Open (@theopen)

Mercedes-Benz со својата визионерска студија го прикажа пред светот следното скалило во дизајнот, лесната конструкција и напредната технологија на елеткричните автомобили. Со полна батерија, VISION EQXX минува 1.000 километри во реални услови. Голем дел од возилата во возниот парк се електрични.

Од македонската премиера на Mercedes-Benz GLC

Претходна објаваПик-ап подобрен во секој поглед: Пристигна новиот Volkswagen Amarok
Следна објаваЕУ си обезбеди нов извор на литиум: Чиле место Кина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here