Bosch почна да произведува делови за камиони со погон на водород

Најголемиот добавувач на автомобилските фабрики, светскиот концерн Robert Bosch, започна со производство на горивни ќелии, како суштинска компонента на погонот на водород. Модулите со горивни ќелии се произведуваат за американскиот стартап со камиони со водороден погон, Nikola.

Со овој чекор се потврдува дека Bosch ќе продолжи да вложува масивно во водородниот погон, којшто е следното скалило во електричниот погон.

Компанијата очекува технологијата на водороден погон да постигнува околу 5,5 милијарди долари промет во 2030 година. Притоа се претпоставува дека на завршетокот на деценијата, еден од секои пет нови камиони што тежат повеќе од 6 тони, ќе користат водороден погон.

Модулите ќе се вградуваат во камионот Nikola Tre FCEV, со очекуван почеток на продажбата на пазарот во САД во третиот квартал. Bosch ги произведува системите во својот индустриски комплекс во Штутгарт-Фоербах, Германија. Од останатите фабрики на компанијата во Германија ќе пристигаат компоненти, како горивни ќелии и електрични компресори.

Bosch почна да произведува погонски модули за водород и во својата фабрика во Чунгкинг, Кина. Таа ќе се снабдува со компоненти од фабриката на Bosch во Вукси, исто така во Кина.

„Bosch е меѓу малкуте компании што се способни за масовно производство на технологија што е толку сложена како што се горивните ќелии“, изјави директорот на Bosch Mobility, Маркус Хајн. „Ние не само што ја имаме потребната експертиза со системите, туку располагаме и со можност за брзо да ги внесеме во масовно производство следните нови достигнувања на ова поле,“ додава директорот во соопштението.

Брз раст на погонот со водород

Возилата со погон на водород во моментов учествуваат со незначителен дел во светското производство на возила, меѓутоа Bosch предвидува брз раст во следните години. Компанијата планира да вложи околу 2,5 милијарди евра во водородна технологија до 2026 година. Тоа е повеќе од претходно поставената цел, кога се планираше 1,5 милијарда евра до 2024 година.

Технологија вклучува и вложување во индустриски постројки за добивање водород по пат на електролиза. Во нив се врши раздвојување на молекулите на вода во кислород и водород. Bosch ќе изгради прототипи на електролизер со капацитет од по 1,25 мегават, коишто ќе се користат во пилот-програми. Стартот на производството се предвидува за 2025 година.

Во план се и мотори што согоруваат водород, до 2024 година. Компанијата веќе имала добиено четири нарачки. Во соопштението стои дека компанијата очекува „шестцифрено производство до 2030 година“.

„Водородниот мотор може да го сработи истото што и дизел мотор, но сето тоа се одвива без емисија на СО2,“ објаснува Хајн. „Тој исто така овозможува брз и исплатлив влез во мобилноста на база на водород.“

[the_ad id=”73735″]

Модулот со горивни ќелии што Bosch го произведува за Nikola е дел од договорената долгорочна соработка.

Компаниите постигнаа договор во 2021 година, за Bosch да испорачува погонски модули и други компоненти поврзани со водородниот погон на Nikola, почнувајќи од 2023 година. Bosch се голем инвеститор во Niokola, иако го намалу уделот во компанијата во 2020 година.

Bosch е најголем добавувач за автомобилската индустрија во светски рамки, со промет од 50,46 милијарди долари во 2022 година.

Претходна објаваЕвропа не се справува најдобро со производството на батерии
Следна објаваRenault Scenic се враќа на сцената како електричен СУВ-модел

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here