Европскиот огранок на Toyota во првото полугодие продаде 573.976 автомобили. Продолжи да се зголемува уделот на хибридни, батериски електрични и водородни автомобили на јапонската марка, со нов раст од 6 проценти.
Toyota и во првото полугодие од 2023 година го потврди насловот на вицешампион во продажбата на возила во Европа, веднаш по Volkswagen. Уделот на Toyota во европскиот пазар изнесува 6,6 проценти.
Пријатно изненадување доаѓа од луксузната марка Lexus, чијшто пазар напредувал за дури 43 проценти.
Од вкупно продадени 573.976 автомобили од јануари до јуни, дури 71 проценти користат некој вид на електрификација на погонот, од хибрид, до водород. Доколку се земе само Западна Европа, тогаш уделот на овие модели изнесува дури 77 проценти.
Побарувачката за нашата понуда од електрифицирани модели продолжи да се зголемува и тие преовладуваат во нашиот продажен микс. Нашиот пристап, со повеќе технологии да се движиме кон целта да постигнеме неутралност во емисијата на СО2, привлекува широк круг на купувачи со различни потреби, ширум регионот, додека тоа во исто време ни дозволува постојано да ги надминуваме нашите цели за емисијата на СО2 во Европа.
Мет Харисон, оперативен директор на Toyota Motor Europe
Постигнување по марки и модели
Toyota во првото полугодие продаде 539.956 возила, што е на исто ниво со лани. Најпродавани модели на марката Toyota се Yaris Cross, целата гама на Corolla, Yaris, C-HR и RAV4. Овие модели учествуваат со 82 проценти во продажбата. Моделите со електрифициран погон напредувале за 4% во споредба со лани, со продадени 380.384 автомобили, што соодветствува на 71% удел во продажбата на марката.
Lexus продаде 34.020 возила, што е зголемување за +43% во споредба со лани. Тука електрифицираните модели учествуваат со дури 86 проценти во продажбата (+6,0%). Повеќе од 85 проценти од продажбата отпаѓа на моделите од СУВ-семејството, RX, NX, UX, GX и LX.
View this post on Instagram
Продажбата напредуваше силно, благодарение првенствено на надминувањето на тесното грло што добавувачите на микрочипови (и уреди што ги содржат) им го приредија на производителите на автомобили. Клучни нови модели се NX, чијашто продажба напредувала за 59%, како и новата генерација на RX, со раст од 42 проценти. RX е достапен во три погонски варијанти: RX 350h hybrid, RX 450h+ plug-in hybrid и за првпат RX 500h turbo hybrid. Во меѓувреме почнуваат и испораките на следниот голем новитет на Lexus, на целосно електричниот RZ 450e, прв модел на марката, констуриран врз засебна платформа за електричен погон.
















